Зошто жените треба редовно да прават мамографија?
Мамографијата е рендгенска метода која користи ниска доза на Х зраци и е златен стандард во раното откривање на ракот на дојка и други патолошки промени во неа.
Најчесто се користи за откривање на рак кај жени кои немаат симптоми и ова се нарекува скрининг мамографија.
Исто така, се користи за преглед на жени кои имаат патолошки симптоми на дојките, како појава на топчиња или грутки, болка, исцедок од брадавицата и слично. Ова се нарекува дијагностичка мамографија.
Како се изгледа прегледот ?
Мамографија е процедура која не трае подолго од 20 минути, а користи рендгенски Х зраци. Ќе треба да се соблечете од половина нагоре.
Радиолошкиот технолог ќе ве намести во позициите за снимање. Вистинската компресија на дојката трае неколку секунди. Можно е да почувствувата мала болка кога дојките се под притисок, меѓутоа тоа трае сосема кратко.
На денот на прегледот најдобро е да не користите антипреспирант или дезедоранс бидејќи од тоа може да се прикажат бели точки и да се добие лажен резултат, носете удобна облека, лесна за пресоблекување.
Прегледот најдобро е да го правите една недела по вашиот менструален циклус. На лекарот или радиологот треба добро да му ги објасните симптомите кога, како и со колкав интензитет се појавиле, а ако одите за прв пат во некоја установа понесете ги со себе сите претходни мамографии и резултати од биопсии или претходни третмани и наоди на дојките.
Зошто жените треба да прават мамографија?
- Мамографот овозможува откивање на грутка во дојката дури 2 години пред таа да стане палпабилна.
- Рана дијагноза значи и поголема шанса да бидете излечени.
- Брза процедура која не одзема повеќе од 20 минути.
- Безболен и безбеден преглед, бидејќи се користат современи апарати кои не предизвикуваат несакани дејства.
- Препорачлива процедура за жени со фамилијарна историја на карцином на дојка т.е жени кои се носители на мутиран BRCA1/BRCA2 ген.
- Се препорачува за жени кои примале хормонска терапија за лекување на стерилитет или други гинеколошки болести.
- Секоја жена првиот преглед треба да го направи меѓу 35 и 40 години, а потоа редовно на секои две години без разлика дали има некакви симптоми или не.
- Студиите покажале дека мамографот е единствен досегашен метод за рана дијагностика на рак на дојка.
Покрај редовни рутински прегледи кај вашиот лекар, добро е повремено да правите самопреглед на вашите гради.
Бидете одговорни кон своето здравје, бидете пример и охрабрете ги сите жени околу вас.