Здравје кај деца
Мирјана Мицоска: развојна скала на прозборување кај децата
Развој на говорот на 6 месеци
- детето прави монотони вокални звуци ( “аах, гуу”),
- се смее, се кикоти,
- се врти и гледа во насока на изворот на звукот.
Развој на говор на 9 месеци
- гласно дрдори и мелодично користи двојни слогови во долги низи на пр: “та-та”, ”ба-ба”, “ ма-ма”,
- имитира вокални звуци на возрасни пр: накашлување,
- разбира “не” и “чао”,
- слуша додека му се зборува.
Развој на говор од 12-18 месеци
- ги разбира имињата на предметите кои го опкружуваат
- разбира едноставни пораки на пр: плескај со “рацете”, “кажи чао со раката,
- разбира/извршува едноставни барања- „подади ја топката“ итн.,
- знае да покаже барем 3 делови од телото,
- со глава покажува не/не сакам,
- гласно брбори во играњето и ја имитира вокализацијата на возрасните,
- располага со фонд од 6 -20 зборови.
Развој на говорот од 18-24 месеци
- го знае своето име,
- способно е да покаже 5 дела од своето тело,
- ги препознава и на барање покажува на предметите од најблиската околина,
- почнува да разбира разлика помеѓу горе – доле,
- располага со фонд над 20 зборови,
- се служи повеќе со зборови отколку со гестови.
Развој на говорот од 24 – 30 месеци
- на слика од човек покажува најмалку 5 делови од тело,
- се користи со реченици од 2-3 зборови,
- поставува прашања: Што? Каде?,
- одговара на прашања со да или не,
- брои од 1 до 5.
Развој на говорот од 30 – 36 месеци
- разбира и следи две наредби по ред, на пр : “земи ја книгата и стави ја на маса”,
- ги разбира исказите за минатите и идните настани,
- се служи со реченици од 3,4 или повече зборови,
- правилно користи именки,
- бара предмети именувајќи ги,
- говорот е разбирлив.
Развојни норми на гласовите
Говорни норми за деца од 3 до 3,5 години. На оваа возраст вашето дете треба да ги изговара следните гласови :
A, E, И, О, У, П, Б, Т, Д, К, Г, М, Н, Њ, В, Ф, Ј, Х
На 4 – 4,5 години вашето дете правилно треба да ги изговара:
С, З, Ш, Ж, Ч, Џ, Ѓ, Ќ, Ѕ, Л, Љ
И веќе на 5 годишна возраст детето мора правилно да ги изговара сите гласови вклучувајќи го и гласот Р како единствен вибрант во нашиот јазик кој се формира најдоцна во говорот, односно до 5,5 години тој мора да се изговара правилно.
Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист