Здравје од А до Ш
Лековите на природата и сите нивни придобивки
Уживањето во пиење на чај датира уште пред 5000 години, во Кина. Чаевите како стимулативни напитоци станале традиција кај Кинезите и Јапонците илјадници години нанзад, додека пак кај европските народи, навиката да се пие чај е стара околу 1500 години.
Постојат четири поголеми групи на чаеви и тоа:
- БЕЛИ ЧАЕВИ кои се само сварени тревки
- ЗЕЛЕНИ ЧАЕВИ кои се исушени тревки
- ОЛОНГ ЧАЕВИ се добиваат кога тревката е исушена, здробена и кратко ферментирана
- ЦРНИ ЧАЕВИ се добиваат кога тревката е исушена, здробена и добро ферментирана
Придобивки од консумирање на чаеви:
- Антиоксидативно дејство.
- Хидрирање на организмот.
- Забрзување на метаболизмот.
- Поволно дејство на имунитетот.
- Не содржат калории.
- Може да содржат кофеин.
Наш предлог за ова неделно попладне е чај од мајчина душичка.
Нешто плус за мајчината душица: Припаѓа на родот Thymus, а латинското име и е Тhymus vulgaris. Цветовите, листовите и маслото се користат за лекување на многу болести како дијареа, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис, гасови и мокрење во кревет.