Што се пребиотици и како можат да ви помогнат во борбата со вишок килограми и надуеност
Пребиотиците се состојки во исхраната кои го поттикнуваат растот и активноста на добрите бактерии во дигестивната флора. Со тоа ја подобруваат работа на цревата и дигестијата.
Инулинот претставува диетално влакно од групата на фруктоолигосахариди. Тој е вид јаглехидрат кој се состои од кратки ланци на фруктоза, кои организмот не може да ги вари.
Инулинот е пребиотик, односно храна за пробиотиците во дигестивниот систем. Игра клучна улога во намалувањето на симптомите на воспаленија, лоша дигестијата, и помага во борбата против патогените бактерии.
Што велат истражувачите
Податоците објавени во списанието European Journal of Nutrition покажуваат дека внесувањето на 16 грама природен инулин дневно резултира со зголемување на количината на бактерии од видот Bifidobacterium.
Ова е очекувано, но сепак, за научниците било особено интересно намалувањето на нивото на калпротектин во изметот по внесувањето на инулин. Фекалниот калпротектин е, всушност, маркер на цревно воспаление.
Според резултатите од контролирана студија, тримесечното конзумирање на инулин од цикорија довело до значително намалување на нивото на калпротектин кај лица со прекумерна телесна тежина.
Резултати
Истражувачите анализирале податоци од пациенти со прекумерна тежина поделени во две групи. Испитаниците во едната група земале 16 грама инулин дневно, а во другата 16 грама плацебо на ден.
На сите пациенти им биле дадени насоки за исхраната и им било наложено да го ограничат внесот на калории. Ова резултирало со помал внес на енергија и протеини во двете групи.
Авторите на студијата забележале зголемување на бројот на бактерии од видот Bifidobacterium во групата што зема инулин. Ова ги поддржува податоците од претходни истражувања.
Важно е да се напомене дека научниците објавиле намалување на нивото на фекален калпротектин за 50% по тримесечен внес на инулин.
Намалувањето на нивото на фекален калпротектин, кое е забележано по земањето на пребиотикот, го потенцира позитивно дејство на пребиотиците во борбата против воспалителните нарушувања на работата на цревата, кои се јавуваат кај лица со прекумерна телесна тежина.
Забележаниот ефект може да биде поврзан со промените во бројот на бактерии од видот Erysipelotrichaceae, заклучуваат експертите.