Здравје кај мажиЗдравје од А до Ш

Болести на простатата: најчестиот проблем со кој се соочуваат мажите

Веројатно ниту еден дел од машката анатомија не се поврзува со толку многу стравови и прашања како што тоа е својствено за простатата. Оваа жлезда, чија улога е производство на најголем дел од течноста во спермата, честопати се смета за мистичен орган во кој се крие клучот за машката сексуална (не)моќ.

Но, вистина е дека простатата е важна за плодноста на мажот, а не за неговото либидо. Возраста пак е неминовен непријател на здравјето на простатата.

Функција

Простатата е жлездата која го опкружува внатрешниот дел на уретрата, сместен помеѓу дното на мочниот меур и ректумот. Формата на простатата потсетува на костен, нормалната големина е со дијаметар од 3,5 см, а тежи околу 20 грама.

Нејзината функција е да ја произведува плазмата, односно течност што сочинува 40% од ејакулатот. Понатаму, ја храни спермата и му овозможува на ејакулатот да стигне до јајце клетката што треба да се оплоди.

Оваа функција зависи од нивото на полови хормони во крвта – тестостерон и дихидротестостерон и од нервната регулација преку автономниот нервен систем.

Реклама biskviti za deca

Ја достигнува својата целосна големина во периодот на дваесетите години. Потоа стагнира со растењето во наредните 20 години и потоа полека почнува да расте повторно. Со стареењето, се случуваат значителни хормонални промени. Нивото на тестостерон се намалува, додека нивото на пролактин, естрадиол, LH и FSH се зголемува. Нивното зголемување предизвикува зголемување на нивото на дихидротестостерон кој како многу моќен метаболит на тестостерон предизвикува зголемена клеточна делба.

По 60-тата година од животот, се почести се болести на простатата кои се пропратени со непријатни симптоми. Најчести се ноќно мокрење, болка и непријатност при мокрење и чувство на недоволно испразнет мочен меур . Ова се случува поради врска помеѓу простатата и уретрата, која е нарушена поради зголемениот волумен на простатата. Со други зборови зголемената простата го притиска почетниот дел на уретрата и го стеснува неговиот дијаметар. Со тоа го спречува нормалното, континуирано поминување на урината и го спречува целосно празнење на мочниот меур.

Најчести болести на простатата

Бенигна хипертрофија

Зголемување или бенигна хипертрофија на простата, е најчесто од трите главни заболувања на простатата. Се јавува кај повеќе од 60% од мажите постари од 50 години и кај повеќе од 75% постари од 70 години.

Таа е предизвикана од хормонални промени што доведуваат до зголемена поделба и раст на клетките на простатата. Исто таке забележана е и почеста појава во рамките на семејството. Покрај процесот на стареење и семејната предиспозиција, факторите на ризик за бенигна хипертрофија вклучуваат неправилна исхрана, прекумерн eнергетски внес и дебелина.

Иако теоретски е безопасна состојба, со непријатни симптоми, бенигната хипертрофија на простата со текот на времето може да го замени својот бениген карактер со малиген, односно да го стимулира развојот на простатитис и рак.

Простатитис

Простатитис или воспаление на простатата е многу непријатно заболување на простатата предизвикано од хормонална нерамнотежа (почесто кај постари лица) и инфективни фактори (почесто кај помлада популација), придружена со силна болка во перинеумот, наизменичен слаб проток на урина, задржување урина во мочниот меур, крв и гној во урината, притисок во препоните, болка во долниот дел на грбот со можна треска, треперење, гадење и општа слабост.

При веќе постоечко воспаление, доколку има дополнителен оксидативен стрес во базата, може да доведе до оштетување на ДНК или да предизвика мутации кои играат клучна улога во развојот на рак.

Рак

Ракот на простата (аденокарцином) е најчестата болест кај постара популација. Повеќе од 80% од случаите се јавува кај лица со возраст над 65 години и е втора најчеста причина за смрт, по рак на белите дробови.

Во 90% од случаите, се дијагностицира релативно доцна, бидејќи има бавен тек и симптоми слични на бенигна хиперплазија. Во основата на карцином на простата, покрај нарушена хормонална активност и долгорочно воспаление (бактериски и небактериски простатитис, инфекција со сексуално пренослив паразит Trichomonas Vaginalis, присуство на вирус XMRV кој предизвикува леукемија кај животните), честопати лежи дебелина. Придружни причини за појава вклучуваат:

  • исхрана богата со животнски протеини, масти (транс масти и омега-6 масни киселини)
  • рафинирани шеќери
  • прекумерно конзумирање на алкохол, особено пиво
  • прекумено конзумирање на термички обработена храна (пржена, похована, на скара).

Ризик фактори за развој на заболувања на простатата

Студиите покажуваат дека превисокиот БМИ (индекс на телесна маса> 32) е силно поврзан со: инциденцата на карциноМ

  • развој на поагресивни форми
  • повторување на болеста по терапевтски процедури
  • смртност (35% повисока од лицата со нормална телесна тежина)

Дебелината е тесно поврзана со хормоналните промени: нивото на инсулин и инсуллински растечки фактори (IGF) се значително зголемени, што е докажано дека е еден од најзначајните фактори на ризик за развивање на поагресивни форми на болеста.

Превенцијата е клучот за здравјето

Врз основа на резултатите од неколку студии, научниците воспоставија директна врска помеѓу болеста на простатата и исхраната на една личност. Голем внес на масти од животинско потекло е врвот на списокот на непожелни навики кога станува збор за здравјето на простатата.

Високиот внес на црвено месо во комбинација со мал внес на риба, овошје и зеленчук е поврзан со зголемен ризик од заболување на простатата. Несакана навика е и прекумерната потрошувачка на алкохол и голем внес на едноставни и рафинирани шеќери.

Типичната медитеранска исхрана е вистински сојузник на здравјето затоа што обезбедува многу важни хранливи состојки кои се „пријатели“ на простатата. Такви: се цинк, селен, омега-3 масни киселини и апсолутен шампион во зачувување на здравјето на оваа жлезда – ликопен.

Доматот – пријател на простатата

Доматите и особено производите од домати се одличен извор на ликопен, каротеноидот кој е одговорен за нивната црвена боја. Во телото, ликопенот е концентриран во простатата и тестисите, а неговиот редовен внес е поврзан со намален ризик од рак на простата.

Заштитната улога се припишува на антиинфламаторните својства на ликопенот. Но, според студија од 2008 година објавена во списанието “Journal of Nutrition”, ликопенот е силен заштитник и против други болести на простатата. Имено, во студијата, 40 испитаници со дијагностицирана бенигна хипертрофија на простатата добиле или екстракт од ликопен или плацебо во текот на 6 месеци. На крајот на студијата, резултатите покажаа значително подобрување на симптомите кај мажите кои конзумирале ликопен.

Зеленчук против бенигна хиперплазија на простатата

Според студија објавена во 2007 година во Американскиот весник за клиничка исхрана, бенигна хиперплазија на простатата (БХП) е поретка кај мажите кои јадат повеќе зеленчук. Студијата вклучува 32.000 возрасни мажи на возраст од 46 до 70 години.

Учесниците пополниле дневник за исхрана во кој биле прашани за конзумирање на 131 различен вид храна, вклучувајќи овошје и зеленчук. Проучувајќи ги податоците добиени со истражувањето, истражувачите откриле дека потрошувачката на зеленчук е исклучително корисна за БХП.

Имено, се покажа дека мажите кои консумираат најмногу зеленчук имаат 11% помал ризик од развој на симптоми на БПХ.

Општо земено, зеленчукот што дефинитивно треба да биде на менито на секој маж е брокула, кељ, прокељ, карфиол и зелка. Овој зеленчук обезбедува уникатни хранливи материи (глукозинолати) кои го поддржуваат процесот на детоксикација што се одвива природно во организмот. Овој процес е многу важен за одржување на здраво ниво на машки и женски хормони.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button