Здравје кај деца

Како да го направите зеленчукот попримамлив за децата?

Со секојдневното конзумирање на зеленчук придонесуваме кон зачувување на здравјето. Витамините, минералите, влакната и антиоксидансите кои се наоѓаат во зеленчукот на децата им обезбедуваат здрав раст и развој и го зајакнуваат нивниот имумолошки систем.

Исто така, помагаат во правилното функционирање на дигестивниот систем, а постојат и силни докази кои покажуваат дека хранливите материи кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот може да спречат хронични незаразни болести, како болестите на срцето и крвните садови.

На основа на содржината на хранливите материи, зеленчукот е поделен во пет категории:

  1. темнозелен
  2. скробен
  3. црвен и портокалов зелечук
  4. грав и грашок
  5. останат зеленчук

Најлесен начин за превенција на денешните дегенеративни болести е секојдневно конзумирање на пет или повеќе порции овошје и зелечук.

Едноставното правило кое сите треба да го следат гласи: две порции овошје и три порции зелечук дневно.

Реклама biskviti za deca

Што значи тоа во пракса? Според препораките на нутриционистите, токму ова е мерката со која би се задоволиле дневните потреби за нутритиенти како витамини и минерали, но и дополнително би се збогатило менито со растителни влакна, електролити и антиоксиданси.

Генерално, под една порција се подразбира половина шолја сиров или готвен зеленчук (морков, брокула, спанаќ, тиква), чаша сок од зеленчук или една порција сиров листест зеленчук (како блитва).

Предности од конзумирањето зеленчук

Повеќето зеленчуци природно содржат мала количина масти. Ниту еден зеленчук не содржи холестерол.

Зеленчукот е важен извор на многу хранливи материи, како калиум, растителни влакна, фолна киселина, витамин А и витамин Ц.

  • Исхраната богата со калиум може да помогне во одржување на добар крвен притисок. Извори на калиум од зеленчукот се компир, сладок компир, грав, производи од домат, зелка, репка, соја, спанаќ и леќа.
  • Растителните влакна од зеленчукот, како дел од целокупната правилна искрана, помагаат во намалувањето на степенот на холестерол во крвта и може да го намалат ризикот од развој на болести на срцето и крвните садови. Влакната се важни и за правилно функционирање на цревата. Помагаат во намалување на опстипацијата и дивертикулозата. Храната која содржи влакна како зеленчукот, помага во добивање чувство на ситост.
  • Фолната киселина помага во формирање на црвените крвни зрнца.
  • Витаминот А ги одржува поздрави очите и кожата, и помага во заштита од инфекции.
  • Витаминот Ц помага во заздравувањето на раните и ги оджува здрави забите и непцата. Исто така помага и во апсорпција на железото.

Совети за родителите

Поттикнете ги децата со пример. Обезбедете свежи сезонски намирници и дозволете им на децата да ви помогнат во приготвувањето на оброците кои ќе го вклучуваат нивниот омилен зеленчук.

Весело смути

Сигурно е дека чаша смути во омилената боја уште на прв поглед ќе го привлече детето. Смутито е оброк со кој на едноставен начин и со малку потрошено време во организмот ќе внесете важни хранливи материи. Поиграјте си со вкусовите и комбинациите. Всушност, дозволете му и на детето да одлучи која комбинација на состојки ќе го направи неговото моќно смути!

Зеленчук како ужинка за грицкање

На децата им е забавно да јадат храна со сосови. Направете сос од јогурт и зачини и послужете го со свеж зеленчук, како морков или целер. На тој начин ќе спречите детето да посегне по грицки.

Раженчиња од зеленчук

Вклучете го детето во подготовка на забавни шарени раженчиња од зеленчук. За сирова верзија користете зеленчук како тиквици, краставици, пиперки или домати. Раженчињата можете и да ги испечете за дополнителен вкус и арома.

Пица на различен начин

Домашната пица е секогаш добра идеја! А повеќето од нас сакаат да испробуваат нови вкусови. Дозволето детето, заедно со вашето знаење и помош, да осмисли шарена пица од зеленчук. За подлога можете да направите тесто од карфиол. Премачкајте го тестото со сос од домати, па наредете зеленчук како пиперка, пченка, шампињони и маслинки.

Чинија која раскажува приказна

Покрај самиот вкус, децата особено ги привлекува изгледот на оброкот во нивната чинија. Како предлог, а вие потоа смислете свој, украсете половина печен компир со исечен шери домат, грашок и лентички од морков за да добиете насмеано лице и да му го разведрите денот на вашето најмило.

За крај, не заборавајте ги менувате оброци кога е можно.

Истражувањата покажуваат дека децата конзумираат повеќе зеленчук и овошје, а помалку пржена храна и благи пијалаци, тогаш кога храната ја конзумираат заедно со семејството. Примерот од кој децата најмногу и најбрзо ќе научат сте токму вие.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button