Хипервитаминоза- труење со витамини на кое сме склони секоја сезона на настинки
Хипервитаминоза е состојба на организмот која настанува кога во него има преголеми количества на одреден витамин. При тоа можат да се појават симптоми на труење. Може да се јави хипервитаминоза на витамините: А, Д, Е, К, Ц и др.
Хипервитаминоза со витамин А
Таа може да се појави на два начина:
- по еднократна употреба на многу големи дози од овој витамин
- бавноа, при подолга употреба и на обични дози.
Особено чувствителни се малите деца. При висока еднократна доза на витамин А се појавува зголемување на температурата, крварење на кожата и слузокожата, недостаток на апетит, брзо слабеење.
При хроничната хипервитаминоза се забележува главоболка, зголемување на црниот дроб, запирање на растот, болки во коските и зглобовите, лупењето на кожата.
Хипервитаминоза со витаминот Б
Таа се често изразува со симптоми на тешка алергија или анафилактичен шок, неуропсихични нарушувања, несоница, нарушување на работата на срцето, оштетување на црниот дроб.
Хипервитаминоза со витамин Ц
Прекумерно и често земање на витамин Ц е штетено. Злоупотребата на витамин Ц води до нарушување на растот на коските (особено кај адолесцентите), анемија, попречена размената на материите, оштетување на црниот дроб, проблеми во бременоста.
Хипервитаминоза со витамин Д
Хипервитаминоза се забележува најчесто кај малите деца. За нив често се препорачува користење на овој витамин за лекување на Рахитис, но доколку претераат со внесот на овој витамин децата губат апетит, повраќаат, стануваат апатични, поспани и може да дојде до застој на растот.
И покрај препораките за земање на витамини и минерали, нивното дозирање треба да биде умерено. При било какви индикации и симптоми јавете се кај вашиот матичен лекар.