Здравје кај децаЗдравје од А до Ш

Како хиперактивно нарушување влијае на социјалните вештини?

АДХД (анг. Attention deficit hyperactivity disorder), или хиперактивно нарушување со дефицит на внимание, може да има значително влијание врз социјалните интеракции и односи. Поединците со АДХД може да се борат со одредени однесувања што го прават дружењето со други предизвик.

Што е АДХД?

АДХД е вообичаена невро-развојна состојба која влијае на областа на мозокот одговорна за функции како што се решавање проблеми, фокусирање и контрола на одговорот. Симптомите на АДХД вклучуваат хиперактивност, импулсивност, невнимание и расеаност.

Овие симптоми не само што можат да влијаат на академските или работните перформанси, туку и да ја попречат способноста за создавање и одржување меѓучовечки односи.

АДХД може негативно да влијае на социјалните вештини. Тоа ја отежнува ефективната интеракција со другите, дури и со намера да стекнете пријатели или да се вклучите во социјални активности.

Социјалното оштетување поврзано со АДХД е вообичаено и често произлегува од тоа како однесувањето на АДХД се перципира од другите. На пример, невниманието може да се смета како не слушање или невреднување на она што другите имаат да го кажат.

Реклама biskviti za deca

Зошто АДХД влијае на социјалните вештини?

Постојат неколку причини зошто АДХД може да влијае на социјалните вештини. За луѓето со АДХД може да е предизвик да се задржи фокусот за време на разговорите. Или па често може да се случи да не забележат социјални знаци или да изгледаат незаинтересирани.

Овие тешкотии може да доведат до предизвици во градењето и одржувањето на односите. Дополнително, лицата со АДХД може да се борат со „временско слепило“, што е тешкотија во разбирањето и управувањето со времето.

АДХД, исто така, може да влијае на социјалната свест. Децата со АДХД имаат поголема веројатност да немаат свест за нивните социјални и академски дефицити во споредба со другите деца. Оваа самоперцепција може да го попречи развојот на социјалните вештини подоцна во животот.

АДХД, исто така, може да влијае на способноста за препознавање лица и гласовни знаци, кои се важни компоненти на социјалната свест. Овие потешкотии може да доведат до погрешни толкувања, недоразбирања и предизвици при соодветно реагирање во социјални ситуации.

Предизвици

Главните социјални предизвици поврзани со АДХД често се поврзани со основните карактеристики на состојбата: импулсивност, хиперактивност и невнимание.

Импулсивноста и хиперактивноста може да се манифестираат како:

  • прекинување на другите
  • завршување реченици
  • зборување или дејствување без размислување
  • прекумерно зборување
  • навлегување во личниот простор.

Невниманието може да доведе до тоа лицето да не слуша активно, да се расејува на средината на разговорот, да заборава да возврати на телефонски повици, да не се појавува на социјални настани или да ги оставиа задачите недовршени или невнимателно направени.

Покрај перцепцијата на другите за симптомите на АДХД, социјалните предизвици може да произлезат и од искуства на отфрлање, малтретирање или социјално исклучување. Овие негативни искуства можат да придонесат за чувство на изолација и ниска самодоверба.

Подобрување на социјални вештини

За да ги подобрите социјалните вештини со АДХД, важно е да ги разберете вашите силни страни и предизвици. Понатаму, да размислувате за социјалните интеракции, да го проучувате говорот на телото и невербалните знаци. Исто така да поставувате прашања за однесувањата и социјалните знаци и да практикувате самопростување и самосочувство.

Негувателите исто така можат да играат улога во помагањето на децата во меѓучовечките односи преку градење доверба, комуницирање на социјалните очекувања, разложување на очекувањата на чекори, вклучување во активности за играње улоги и создавање можности за социјални интеракции со врсниците.

Исто така, важно е родителите да ги проценат своите социјални вештини и да покажат конзистентни очекувања за себе и за своите деца кога станува збор за работи како чистота, точност и доверливост. Со активно работење на социјалните вештини и барање поддршка кога е потребно, поединците со АДХД можат да ги подобрат своите социјални интеракции и односи.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button