Здравје кај деца

Како да ја подобрите концентрацијата на вашето дете

Концентрацијата е можност да ги насочиме нашите мисли во одредена насока, со цел да извршиме одредена задача.

За да може детето да научи нешто, тоa мора да биде способно да го насочи вниманието кон задачата, да седи одредено време на исто место, да ги игнорира околните дразби кои немаат никаква врска со учењето, за да го запамети тоа што го учи.

Дете со помала концентрација во училиште постигнува полоши резултати. Концентрацијата кај учениците може на природен начин да се поттикне и развие.

Подолу ви предлагаме нешто повеќе за тоа како да ја зголемите концентрацијата кај детето.

Детето мора доволно да спие

Количината на сон е важна и за возрасните и за децата. Повеќето деца кои спијат помалку од 9 часа се ненаспани и кај нив ниво на концентрација е многу ниско.

Реклама biskviti za deca

Овозможете му на вашето дете фаза на одмор за да собере сила

На мозокот му треба пауза од учењето. Пожелно е детето да направи пауза пред да се почувствува уморно. Ќе забележите дека со пауза полесно се памти. Ако концентрацијата брзо паѓа, добро е да се прави пауза на секои 20 минути.

Направете атмосфера која ја поттикнува концентрацијата

Местото на учење е еден од важните фактори кога зборуваме за концентрација кај дете. Обидете се да ги минимизирате надворешните влијанија што се мешаат во концентрацијата на детето, да ги отстраните дистракторите кои произведуваат бучава како што се ТВ, компјутер итн.

Исто така, прилагодете ја количината и видот на светлината. Колку повеќе дневна светлина, толку подобро. Ако детето учи и пишува домашни задачи секогаш на исто место, тоа ќе создаде навика за учење во одреден простор. Настојувајте да обезбедите место каде детето може да учи, одржувајте го уредно.

Создадете дневна рутина

Одредете точно време за ТВ и компјутерски игри и сведете ги на минимум. Организирајте слободно време така што детето ќе најде противтежа на училиштето, но не заборавајте дека на детето му се потребни и фази на одмор, во кои може да си игра.

Секогаш настојувајте вашето дете да учи во приближно исто време од денот, на пример после ручек или после дремка.

Внимавајте на здравата исхрана и доволно вежбање

Покрај физичката активност, на концентрацијата влијае и она што го внесуваме во организмот, односно здравата исхрана. За разлика од мускулите и масното ткиво, нашиот мозок не може да складира енергија. Неговата работа зависи од тоа со какви хранливи материи располага.

Затоа, оптималната концентрација бара добро снабдување, особено кај децата. Трудете се вашето дете да прима дневна доза на витамини и минерали, преку исхрана или суплементи.
Намалете ги колачите и грицките и насочете се кон исхрана богата со овошје и зеленчук.

Бидете добар пример за вашето дете

Ако за време на учењето со вашето дете, не сте сконцентрирани и правите повеќе работи истовремено, вашето дете тоа ќе го преземе како лоша навика.

Иако материјалот е едноставен, а понекогаш дури и здодевен за вас, детето нема да го доживее тоа на ист начин. Концентрирајте се заедно за да решите некоја задача, детето ќе го доживее тоа како заеднички проект. Покрај тоа ќе ја развие својата лична самодисциплина.

Вежби за концентрација

Нови импулси и предизвици ќе го мотивираат вашето дете и ќе обезбедат сила и енергија. Одвојте неколку минути секој ден, каде што ќе придонесете за зголемување на концентрацијата на детето преку игри и активности. Еве неколку примери:

  • Детално прецртувње на цртеж со многу детали
  • Важба која вклучува гледање во една точка 15 до 20 минути
  • Запишување на важни работи во тетратка
  • Составување сложувалки
  • Решавање на едноставни задачи
  • Игри за подобрување на меморијата

Чест проблем при учењето, покрај концентрацијата е и недостатокот на мотивација кај учениците. Децата полесно се концентрираат кога се мотивирани.

Објаснете му ги на детето причините зошто учењето е важно преку примена на стекнатото знаење и обидете се да ги направите неинтересните делови од материјалот поинтересни и поинтригантни.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button