Нега на лице и тело

Маслиново масло и убавина – незапирлива комбинација

Маслиновото масло често се користи за убавина. За поубав тен, за понежна и поздрава коса, како заштита од сонце во летните месеци.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги решите проблемите како испукана кожа или сува и безживотна коса на природен начин.

1. Ја прави кожата на петиците мазна

Ако имате сува кожа, едноставната масажа со маслиново масло ќе ви помогне да ја хидрирате и да ја направите мазна и мека.
Дополнителен совет за испукани потпетици: нанесете од маслото на петицата, а потоа облечете памучни чорапи, за маслото да продре што е можно подлабоко во кожата.

2. Ја храни кожата на испуканите раце

Можете да добиете природен пилинг за испукани раце со мешање на две лажички маслиново масло со две лажички кафеав шеќер. Втријте ја смесата на вашите раце додека не се стопи шеќерот. На овој начин, витамините со кои е богато маслиновото масло ќе навлезат подлабоко во кожата.

3. Ја освежува сувата коса

Ако вашата коса е сува и безживотна, освежете ја со маслиново масло. Сè што треба да направите е да го загреете маслото и добро да ја измасирате косата во темето. Потоа завиткајте ја косата со крпа и оставете го маслото да се впие 20 до 30 минути. На крајот од третманот, добро исплакнете ја косата со шампонот што нормално го користите, а резултатот ќе биде мека коса која блеска од здравје!

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе
Back to top button