Нега на лице и тело

Дознајте како се користи бадемовото масло и зошто е симбол за нега на телото

Бадемовото масло е симбол за козметика. Има омекнувачки ефект врз кожата и косата. Брзо се апсорбира и затоа е популарно кај масажерите.

Ја направи масажата удобна, а клиентот после масажата не чувствува мрснотија на кожата. Бадемовото масло е универзално масло за скоро сите типови на кожа за секојдневна, основна нега и заштита на кожата.

Покрај тоа, растително масло од бадем се користи во производи за чистење на лицето, па дури и за отстранување (растворање) на церумоенот од ушниот канал.

Препарати од бадемово масло за нега на тело и коса

Сува кожа

Грубата кожа на одредени делови од телото, лактите, колената и петиците, мачкајте ја почесто, се додека не стане мека.

За сува кожа на лицето додадете малку бадемово масло во вашата дневна крема за лице.

Реклама biskviti za deca

Против брчки

Во борбата против брчките е најдобро да го користите бадемовото масло навечер. Секој втор ден или два пати неделно, нанесувајте бадемово масло на исчистена кожа на лицето пред спиење.

Против темни кругови под очите

Помешајте бадемово масло со малку мед и со оваа смеса правете нежна масажа на кожата под очите. Надуеноста ќе исчезне, а кожата под очите ќе стане посветла.

За раст на трепките

Додадете неколку капки витамин Е во бадемовото масло и нанесувајте ја оваа смеса на трепките во период од два месеци.

За коса

Потребно е да го втриете маслото во кожата на главата со нежни кружни движења и да го оставите да делува најмалку половина час пред да нанесете шампон.

За усни

Додадете во бадемовото масло неколку капки сок од лимон и намачкајте ги усните со оваа смеса. Бојата на усните ќе се изедначи и мртвите клетки ќе се исчистат.

За кожа со акни

Помешајте бадемово масло (1 лажица) со мед (2 лажици) и со нежни движења на рацете внимателно направете масажа на лицето.

Оставете ја маската да дејствува половина час, а потоа исплакнете го лицето со топла вода и избришете со мека крпа.

Без разлика дали сами ќе направите препарат или ќе купите готов производ, верувајте, вашата кожа и коса ќе ви бидат благодарни.

Show More
бисквити за бебе
Back to top button