Здравје кај жениЗдравје од А до Ш

Истражување: употреба на канабис за управување со симптоми на менопауза

Менопаузата може да биде предизвикувачка фаза за многу жени. Се карактризира со различни симптоми како што се нарушувања на спиењето и проблеми со расположението. Додека традиционалните лекови и комплементарни третмани се истражени, една неодамнешна студија презентирана на годишниот состанок на Здружението за менопауза во 2023 година сугерира дека еден неконвенционален пристап е во пораст. Поточно се зборуваше за канабис или марихуана. Важно е да се напомене дека оваа студија сè уште не била подложена на рецензија во медицинско списание.

Трендови за употреба на канабис кај жени во зрели години

Употребата на канабис е во пораст во САД. Особено кај оние на возраст од 50 и повеќе години, при што жените се најбрзо растечката група меѓу овие корисници. Зголемената пристапност и прифаќање на канабисот, поттикнато од рекреативната и медицинската легализација во различни држави, придонесе за овој тренд.

Анкетата на Галуп од август 2023 година откри дека 50 отсто од возрасните во САД експериментирале со марихуана. Сепак, и покрај овој растечки тренд, истражувањето за употребата на канабис кај жените во зрела возраст останува ограничено. Тоа создава значителен јаз во знаењето и разбирањето на неговите ефекти кај оваа популација.

Увид од студијата

За да се расветли зошто и како зрелите жени користат канабис, истражувачите анализираа податоци од 5.174 жени на возраст од 45 до 64 години. Некои клучни наоди од студијата вклучуваат:

  • Приближно 42 отсто од жените изјавиле дека користеле канабис во некоја форма во текот на нивниот живот. Пушењето и производите за јадење се најчестиот избор.
  • Од жените кои пушеле канабис, 30 проценти пријавиле речиси секојдневна употреба една година или подолго.
  • Шемите на употреба варираат, при што 62 проценти користеле канабис рекреативно, 25 проценти го користеле и за рекреативни и медицински цели и 13 проценти исклучиво од медицински причини.
  • Над 10 отсто од учесниците користеле канабис во изминатите 30 дена, првенствено преку пушење или храна.
  • Оние кои медицински користеле марихуана како најчести причини навеле хронична болка (28 проценти), анксиозност (24 проценти) и проблеми поврзани со спиење и стрес (и двете 22 проценти).
  • Приближно 6 проценти од жените пробале канабис за да се справат со симптомите поврзани со менопаузата. Особено промените на расположението и нарушувањата на спиењето.

Канабис за симптоми на менопауза: анегдотски придобивки

Анегдотски докази сугерираат дека некои жени користат канабис за да се справат со тешкотиите со спиењето поврзани со менопаузата. Според д-р Карен Адамс, клинички професор по акушерство и гинекологија, пациентите пријавиле подобрен квалитет на спиење по употреба на марихуана што содржи CBD или THC. Сепак, таа ја нагласува потребата од повеќе научни истражувања за истражување на ризиците, несаканите ефекти и долгорочните резултати поврзани со употребата на канабис.

Реклама biskviti za deca

Дискусија и импликации

Студијата го нагласува фактот дека зрелите жени доживуваат значителни симптоми за време на менопаузата и активно бараат решенија, вклучително и канабис. Сепак, останува нејасно дали канабисот ефикасно се справува со овие симптоми. Ова ја нагласува важноста од спроведување ригорозни истражувања за употребата на канабис кај оваа популација за подобро разбирање на неговите придобивки и ризици.

Џулијана Клинг, доктор на науки, забележува дека е од суштинско значење да се нормализираат дискусиите за канабисот во здравствените установи. Жените треба да бидат информирани за достапните опции за третман за симптомите на менопауза и да се чувствуваат удобно да разговараат за употребата на канабис со нивните лекари.

Размислувања за употребата на канабис

Студијата го насочува вниманието и кон потенцијалните здравствени ризици поврзани со различните форми на конзумирање канабис. Пушењето, на пример, предизвикува загриженост за кардиоваскуларното и респираторното здравје. Од друга страна, производите од канабис за јадење може да претставуваат ризици поради варијациите во содржината на CBD или THC. Со зголемените нивоа на THC во денешниот канабис во споредба со минатите децении, има потреба од повеќе истражувања.

Потребни се повеќе истражувања

Со оглед на распространетоста на употребата на канабис кај жените, студијата ја нагласува важноста од спроведување на понатамошни истражувања за да се оцени како канабисот влијае на жените за време на менопаузата. Неодамнешните законски измени во САД го олеснија пристапот до марихуаната за клинички испитувања. Тоа го отвара патот за подобро разбирање на неговите придобивки и ризици.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button