Исхрана

Целосен водич за храна богата со протеини

Храна богата со протеини има многу придобивки, вклучувајќи го градењето на мускули, губење на телесна тежина и чувство на ситост после јадење. Иако внесот на многу протеини може да биде корисен, јадењето урамнотежена исхрана е суштински дел за да останете здрави.

Исхраната богата со протеини може да ви помогне да ги намалите килограмите бидејќи со внесот на протеини ќе се чувствувате посити и со тоа избегнувате прејадување. Исхраната богата со протеини може да ви помогне во градењето на чисти мускули кога се комбинира со вежбање.

Мускулната маса пак помага да согорувате повеќе калории во текот на денот, што исто така може да помогне при слабеење.

Во прилог ќе ви предложиме дел од храната која има висока содржина на протеини што може да ја консумирате за да си го олесните процесот на слабеење и истовремено да се чувствувате сити и здрави.

Црн грав

Црниот грав е еден од поефтините извори на протеини. Црниот грав може да се подготвува на различни начини, што го прави многу разноврсна состојка при подготвување оброци.

Реклама biskviti za deca

Пченка

Пченката има околу 15,6г протеини по чаша. Дополнително, пченката содржи и добра количина на растителни влакна и минерали, вклучувајќи калциум.

Лосос

Лососот се смета за масна риба, што значи дека е полн со омега-3 масни киселини. Тој исто така одличен извор на протеини и може да ви помогне да се чувствувате сити за време на оброците. Лососот можеби и не е на листата според вашиот буџет, но сепак има голем број на други опции на протеини.

Јајца

Јајцата се одличен извор на протеини и други нутриенти, како и здрави масти. Голем број на студии укажуваат дека јајцата можат да ви помогнат да се чувствуваат посити и да избегнете прејадување. На пример, едно истражување открило дека група жени кои јаделе јајца наместо ѓеврек за појадок, се чувствувале сити подолго и јаделе помалку калории во текот на денот.

Говедско месо

Говедското месо нуди големи количини на протеини по порција. Постојат голем број на различни видови говедско месо за да оние кои внимаваат на внесот на калориите и маснотии.

Луѓето кои следат умерена диета со јаглени хидрати треба да јадат посно говедско месо, додека оние кои практикуваат диета со малку јаглени хидрати може да јадат и подебело говедско месо.

Пилешки гради

Пилешките гради се чист извор на протеини. Поголемиот дел од калориите доаѓаат директно од протеини, кога се сервираат без кожа. 136 гр пилешки гради без кожа обезбедуваат околу 26 гр протеини.

Авокадо

Авокадото не само што содржи протеини и здрави незаситени масти добри за срцето, туку содржи и многу влакна и хранливи материи, како што е калиум.

Овес

Овесот нуди околу 17 гр протеини на 100гр. Овесот е исто така извор на сложени јаглехидрати. Суровиот овес лесно се подготвува како овесна каша и во него може да се додадат разни овошки и мешунки како ореви, бадеми, индиски орев…

Но сепак, треба да ги избегнувате веќе подготвените овесни каши, односно спакуваните, бидејќи тие содржат додаден шеќер.

Туна

Туната е одличен и широко достапен извор на протеини, кој исто така има низок број на калории. Туната е поснa риба со минимални маснотии.

Додадете туна во салати, сендвичи и закуски. Бидете внимателни со дополнителни преливи, како што е мајонезот, бидејќи тие можат да додадат дополнителни, несакани калории.

Млеко

Кравјото млеко е одличен извор на протеини за луѓе кои можат да толерираат лактоза. Околу 200 мл млеко содржи 8 гр протеини.

Леќа

Леќата содржи голема количина на растителни протеини и растителни влакна. Лесно достапна и ефтина, а добро дејствува на здравјето на срцето.

Семки од тиква

Семките од тиква се полни со протеини и минерали, како што се магнезиум и селен.

Ф’стаци

Ф’стаците се јатки кои содржат голема доза на протеини. Еден грам ф’стаци содржи околу 6 гр протеини и богатство на други хранливи материи вклучувајќи висока доза на Б-6.

Чиа семе

Ова мало семе содржи повеќе од 17 гр протеини на 100 гр, заедно со омега-3, влакна и калциум. Веганите често користат семе од чиа како замена за јајца, а многу луѓе уживаат да ги додаваат во смути или салати за дополнителни здравствени придобивки.

Путери од јатки

Путерите од јаткасти плодови, вклучувајќи го путерот од кикирики, содржат многу калории, но контролирана порција може да додаде незаситени маснотии и доза протеини во исхраната. Доколку се храните здраво и јадете путер од било која јатка треба да внимавате истите да бидат без додадени шеќери или масло.

Мешунки

Мешунките се богати со растителни влакна и протеини. Ова ги прави добар избор како дел од диета за слабеење, бидејќи тие можат да ве држат сити.

Мисирка

Мисирката содржи одлична доза на протеин. Мисирка без коски може да обезбеди околу 13 гр протеини на 100 гр.

Наут

Леблебијата е здрав вегетаријански протеин богат со растителни влакна и полн со хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на срцето и коските, а и ве штити од рак.

Киноа

Киноата е единствениот целосен извор на вегетаријански протеини. Киноа ги содржи сите 11 аминокиселини потребни за да се создаде комплетен протеин, што ја прави одличен избор за вегетаријанци, вегани и оние кои не јадат многу месо.

Брокула

Една чаша брокула има скоро 2,6 гр протеини и содржи различни хранливи материи како што се фолати и калиум, а содржи само 31 калорија по порција (1 чаша).

Карфиол

Карфиолот има многу протеини и многу малку калории. Една чаша сецкан карфиол има 27 калории и 2 гр протеини.

Грчки јогурт

Обичен грчки јогурт со малку маснотии содржи дури 19 гр протеини во порција од 200 гр.

Урда

Овој млечен производ има изобилство на протеини. Тој исто така нуди здрава доза калциум и други хранливи материи.

Бадеми

Јатките се сметаат за многу калорични, но со контролирани порции, печени или сурови бадеми се закуска богата со протеини.

Протеин од сурутка

Протеинскиот прашок од сурутка го користат многу спортисти како додаток кој помага да се зголеми мускулната маса и силата.

Овој прав е направен од протеини кои се наоѓаат во млекото и може да додаде значителна количина протеини во исхраната на една личност.

Од суштинско значење е луѓето да ги прочитаат составот, бидејќи ретки се оние протеините од сурутка кои не содржат шеќер.

Доколку протеинот од сурутка не е вашиот прв избор, може да се одлучите и за протеин од растително потекло.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button