Здравје кај деца

Дали детето треба да биде на диета? Митови и факти за дебелината кај деца кои треба да ги разграничиме

Неколку вишок килограми можеби и не се некој сериозен проблем, но имаат голема улога како ризик фактор во настанување на некои сериозни болести.

Затоа, доколку вашето дете го има овој проблем, погрижете се на време да го решите. Насочете го детето кон  здрава исхрана и многу физичка активност.

Мит

Дебелината кај децата е наследна и не можете ништо да направите во врска со тоа.

Факт

Гените кои влијаат на дебелината се само мал дел од целината. Иако некои деца се повеќе склони кон дебелеење од други, тоа не значи дека тие се создадени за да имаат проблем со вишок килограми.

Мит

Деца кои имаат вишок килограми треба да се стават на диета.

Реклама biskviti za deca

Факт

Освен ако не е препорачано од доктор, третманот за обезност не е диета и губење на тежина. Целта треба да биде насочена кон успорување или прекин на дебелеење, дозволувајќи му на вашето дете да расте во нејзината/неговата идеална тежина.

Мит

Тоа е само детска дебелина. Детето ќе го надмине проблемот со текот на растењето.

Факт

Детската дебелина не води до дебелина во зрелоста секогаш, но претставува сериозен ризик фактор. 

Поголем процент од децата кои имале проблем со вишок килограми во претшколска или школска возраст, се сѐ уште обезни и во пубертетот. Многу деца не го надминуваат овој проблем.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button