Здравје кај деца

Што е ноќна апнеа кај деца и зошто е опасна?

Ноќната апнеа е сериозна состојба на нарушување на ритамот на дишењето во текот на спиењето. Луѓето што страдаат од ноќна апнеа се соочуваат со ненадејно и многу често блокирање на дишните патишта и прекинување на дишењето додека спијат.

Ова нарушување во дишењето предизвикува мозокот и останатите органи во организмот да не примаат доволно кислород и ја нарушува нивната нормална функција.

Што ја предизвикува ноќната апнеа?

Овие пореметувања во дишењето може да се резултат со зголемување на крајниците и аденоидите, прекумерна телесна тежина, најразлични аномалии на структурите на лицето како и пореметувањето во преносот на сигналите од нервите кон мускулите (неуромускулни абнормалности) во детството.

Пореметувањата на дишењето во тек на сон се појавуваат како резултат на делумeн или целосен  намален проток на воздух низ горните дишни патишта кои го нарушуваат нормалниот внес на кислород.

Симптоми и последици

Најчести симптоми при ноќна апнеа се:

Реклама biskviti za deca
  • грчење кое трае подолго време и е поврзано со престанок на дишењето
  • често будење од сон
  • немирен сон
  • невообичаена положба во тек на спиење
  • зголемено ноќно потење
  • невообичаени движења на градниот кош во сон

Последиците може да бидат фатални. Најчесто се засегнати срцето, белите дробови, бубрезите, сите внатрешните органи одговорни за бројни метаболни процеси.

Најосетлив  орган на  овие промени  е мозокот. Долготрајниот намален внес на кислород во тек на раното детство може да доведе до сериозни проблеми во неуроконгнитивниот развој кај децата, проблеми во однесувањето (агресивно однесување, хиперактивност) како и слаб успех  во  училиште.

Како се дијагностицира?

Полисомнографија – најточна и најсигурна метода за потврда на пореметувањата на дишењето во спиење.

Метода со која се потврдуваат престанокот на дишење во тек на сон (апнеи) со сериозно намален внес на кислород е ноќната  полисомнографија. Се реализира со софистициран мал апарат кој  регистрира бројни параметри и ја одредува сериозноста на состојбата.

Терапии и третмани за лекување

  • Често менување на положбата на спиење
  • Избегнување спиење на грб
  • Носење маска за регулирање на дишењето
  • Хируршки зафат или операција (назална операција, увулопалатопластика и сл.)
  • Промена во начинот на исхрана

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button