Сè што треба да знаете за бананите
Бананите се најпознатото овошје во светот. Содржат есенцијални нутритиенти кои имаат позитивен ефект врз нашето здравје.
Оваа статија ќе ви помогне да ги воочите здравствени придобивки и можните здравствени ризици што лекарите ги поврзале со бананите.
Позитивни придобивки од бананите
- Го регулира крвниот притисок и да го намалуваат оптоварувањето на кардиоваскуларниот систем.
- Превенираат визинг (свирење во градите) кај деца со астма поради антиоксидативното дејство на калиумот.
- Лецитинот, антиоксиданс кој ги елиминира слободните радикали од организмот.
- Содржи растителни влакна, калиум, фолат и антиоксиданси кои ја поддржуваат работата на срцето и го намалуваат „лошиот “ холестерол.
- Го намалуваат ризикот од развој на дијабет тип 2 и шеќерот во крвта.
- Бананите се дел од диетата која докторите ја препорачуваат за лекување на дијареа.
- Бананите содржат триптофан кој ја подобрува меморијата и расположението.
Нутрициски податоци
Нутритиенти | Количина во една средно голема банана (околу 126г) | Дневни препорачани дози за возрасни |
Енергија | 105 калории | 1800-3000 калории |
Јаглехидрати | 27, вклучувајќи од кои 14.4г. шеќер | 130 грама |
Растиелни влакна | 3.1 грама | 25.2-33.6 грама |
Протеини | 1.3 грама | 46-56 грама |
Магнезиум | 31.9 милиграми | 320-420 милиграми |
Фосфор | 26 милиграми | 700 милиграми |
Калиум | 422 милиграми | 4,700 милиграми |
Селен | 1.9 микрограми | 55 микрограми |
Холин | 11.6 милиграми | 425-550 милиграми |
Витамин Ц | 10.3 милиграми | 75-90 милиграми |
Фолати | 23.6 микрограми | 400 микрограми |
Бета каротен | 30.7 микрограми | / |
Алфа каротен | 29.5 микрограми | / |
Совети за сервирање и јадење
- Додадете исечена банана во утринските житарки или овесната каша за здрав појадок.
- Пире од зрели банани како замена на путер или масло во пецива.
- Додадете пире од банани на мафини, колачиња и колачи за природно сладок вкус.
- Додадете банани во пијалак.
- Земете банана на работа или училиште за здрава закуска.
Имате вишок банани? Искористете ги за овој вкусен посен рецепт
Несакани ефекти од банани
Комбинација со бета блокатори: тие го зголемуваат нивото на калиум во крвта и затоа, при терапија со истите треба да се внимава на количината на банани кои ги јадеме. Премногу калиум може да ја наруши функцијата на бубрезите.
Алергии: Бананите може да предизвикаат алергиска реакција кај некои луѓе. Секој што ќе почувствува чешање, печење, оток или отежнато дишење треба да побара лекарска помош веднаш. Тешка реакција може да доведе до анафилакса, која може да биде опасна по живот.
Мигрена: Бананите може да бидат тригер за мигрена кај некои луѓе.