Алергии

Пристигна сезоната на алергии, еве што треба да знаете за да се заштитите

Летото со сeтa своja убавинa и будење на целиот жив свет истовремено е и поттикнувач за алергиските манифестации на респираторниот и дигестивниот систем. 

Пролетните алергени почнуваат да се шират од дрвјата уште во раната пролет и траат до месец мај. Поленот од тревите, кој се јавува во почетокот на летото (јуни) е силен алерген на кој се чувствителни голем број луѓе.

Симптомите на алергиите продолжуваат и кон крајот на летото и почетокот на есента.

Не се лекувајте на „своја рака“

Многумина сметаат дека се алергични на многу работи, но тоа не мора да биде вистина. Најдобро е да се консултитате со вашиот лекар и да направите алерго тест. Само така ќе откриете на што навистина сте алергични. Ако не сте доволно информирани, а се лекувате самите, можете само да ја влошите вашата здравствена состојба.

Внимателно со лековите

Дејството на лекот е индивидуално кај секој поединец. Кај некои луѓе вообичаените лекови против алергии, односно оние кои би требало да им помогнат и да ги намалат симптомите на алергијата, не им делуваат како што се очекува.

Реклама biskviti za deca

Затоа, наместо самите да си препишувате лекови, подобро би било добро да се обидете заедно со својот доктор да го одберете оној лек кој најмногу ќе ви одговара.

Инјекции

Алергиските инјекции им помагата на многумина, но тие не се за секого. Ако сте алергични исклучиво на амброзија на пример, тогаш тоа е едносезонска алергија и во тој случај не се препорачуваат инјекции. Тие се подобри за оние кои патат од повеќе видови алергии и во повеќе сезони.

Лекување на време

Иако се свесни дека имаат алергија, многу луѓе  го занемаруваат тоа и го одложуваат отпочнувањето на третман на време. Затоа непријатните симптоми им се влошуваат уште повеќе.

Не дозволувајте го тоа, бидејќи ситуацијата може да стане критична кога ќе се влошат симптомите.

Секој килограм плус е ризик фактор

Оние кои страдаат од алергии не сакаат да го слушнат ова, но тие мора да внимаваат со килограмите, посебно оние кои ги измачува астма.

Вишокот килограми влијае врз работењето на белите дробови, па секој килограм плус може дополнително да ја влоши состојбата.

Незабележлива алергија

Зачудени сте што ви се појавила алергија на постара возраст? Најверојатно симптомите сте ги имале уште во детството, но не сте ги забележувале, односно не сте ги поврзувале со алергија. Или едноставно тие не биле толку интензивирани и чести.

Алергиите честопати може да се занемарат или да се заменат со обична настинка, но тие имаат непредвидлив тек и може да прогредираат дури до состојба на анафилактичен шок, кој може да биде смртоносен.

Затоа, при првиот забележан симптом или промена, веднаш консултирајте го вашиот лекар и превенирајте сериозни животозагрозувачки состојби.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button