Настинка и грипРецепти

Чај и вино од капини за опоравување од болести

Капините содржат фолати, витамин Б9, фолна киселина и многу други состојки кои се битни за развој на клетките.

Сите овие состојки ги прават капините овошје со голем спектар на лековити својства, затоа капините се користат за подготовка на вино и чај кои помагаат во лекување на одредени заболувања.

Вино од капини за опоравување од болести

  1. Во голема тегла ставете 2 кг зрели капини и ½ кг кафеав шеќер.
  2. Добро измешајте и оставете ја смесата на топло или на сонце 20 дена.
  3. Секој втор ден мешајте ја смесата.
  4. По 20 дена  процедете го виното од капини во чисто шише од ½ кг и затворете со плутена тапа.
  5. Земајте по 30мл секој ден.

Чај од листови од капина

1,5 грам суви лисја се полеваат со 250мл зовриена вода и се оставаат да отстојат 10 минути, потоа се процедуваат. Три пати на ден помеѓу оброци, пијте по една шолја чај. Можете да правите гаргара кога имате болки во грлото или афти.

Чај за прочистување на крвта

Измешајте 100 грама лисја од капина со 100 грама коприва и 50 грама камилица. Од оваа мешавина се зема полна лажица, се полева со шолја врела вода и се остава да отстои 10 минути, а потоа се процедува. Се пијат 2 до 3 шолји на ден по неколку голтки. Поделете ги голтките така што ќе имате за цел ден.

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button