Здравје кај жени

Дали промената на вашите гради е нормална или алармантна?

Гадите се подложни на промени во различен период од животот како на пример, пубертет, бременост, период на доење или старост.

Промените можат да бидат во однос на форма, големина и слично, меѓутоа најзагриживачки и најопасни се промени предизвикани од карцином.

Кои се раните симтоми на карцином на дојка?

  • Патолошка промена на формата и бојата на брадавицата
  • Болка во градите прететежно по менструален циклус
  • Спонтан исцедок од брадавицата (слузав или крвав)
  • црвенило
  • Чешање,
  • Воспаление на кожата
  • Грутка или оток околу пазувите.

Упатство за самопреглед на вашите гради во домашни услови 

  1. Застанете пред огледало, рацете ставете ги позади главата и набљудувајте ја формата, бојата, големината на вашите гради, забележете дали имате промени на кожата (како кора од портокал)
  2. Подигнете ја левата рака позади главата, а со десната правете кружни движења од надворешниот раб, кон внатрешноста се до брадавицата и забележете дали имате топчести или груткасти промени при допир. Повторете ја истата постапка и на другата града.
  3. Сосема нежно стиснете ја брадавицата и видете дали имате патолошки исцедок, не употребувајте сила, бидејќи така може несакајќи да стимулирате исцедок. Истата постапка повторете ја  и на другата града.
  4. Легнете на грб со едната рака позади глава, а со другата повторно правете кружни движења од надворешноста на градата кон брадавицата, со цел да бидете сигурни дека не сте пропуштиле некаква промена. Истото повторете го и на другата града.

Сепак, за да бидете сигурни дека сте сосема здрави и дека секоја промена што ќе ја забележите е резултат на нормалниот животен процес на растење, созревање или стареење , најдобро е  да правите редовни рутински контроли кај вашиот лекар.

Навремено откривање на патолошка промена, рана дијагноза и поставување на соодветен третман е половина лек.

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button