Лекови и суплементи

Врската помеѓу омега – 3 и когнитивните способности кај младите со депресија

Зголемениот прехранбен внес на еикозапентаенска киселина (EPA, анг. еicosapentaenoic acid), но не и докозахексаенска киселина (DHA, анг. docosahexaenoic acid), би можел да помогне во когнитивните оштетување поврзани со депресијата кај младите и адолесцентите, твдрат истражувачите.

Истражување

Досегашните клинички истражувања примарно беа насочени кон емоционалните симптоми на депресија. Но сепак, когнитивните проблеми можат еднакво да влијаат на секојдневното функционирање и квалитетот на живот, особено кај децата и адолесцентите.

Резултатите од мета анализите известуваат за умерените когнитивни оштетувања кај возрасните со депресија.

Прехранбените обрасци во западните општества се поместија кон конзумирање храна која содржи повеќе омега-6 масни киселини во споредба со повеќекратно незаситените омега-3 масни киселини (PUFA, анг. polyunsaturated fatty acids).

Недостигот на PUFA е поврзан со депресијата, а недостатокот на EPA е негативно поврзан со степенот на сериозност на депресијата.

Реклама biskviti za deca

Понатаму, резултатите од мета анализата укажуваат на позитивните ефекти на земањето PUFA врз симптомите на депресијата. Особено кај високи дози на EPA.

Иако неколку студии го поврзуваат внесот на n-3 PUFA со когнитивната функција, помалку е јасно како n-3 PUFA  можат да влијаат на когнитивните способности кај депресивните луѓе.

Поради тоа, швајцарските научници спровеле испитување за подлабоко да ја истражат поврзаноста помеѓу статусот на EPA и DHA и когнитивните способности кај депресивните деца и адолесценти.

Користени се податоци од истражување со контролиран плацебо, во кое се испитувало влијанието на земањето омега-3 масни киселини кај умерено до сероизно депресивни деца и адолесценти на возраст од 8 до 17 години.

Во текот на воведната фаза, сите испитаници зеле плацебо според еднократно слеп принцип. Потоа биле собрани основните податоци за психопатолошката и когнитивната состојба, како и примероци од крв.

Проценката на критеруимите за вклучување и исклучување од студијата се повторила на крајот на оваа фаза. Потоа пациентите биле распоредени во групи на слеп начин. Вкупно 107 пациенти ги исполнувале сите критериуми за вклучување во студијата.

Резултати

Резултатите покажале дека над 20% од пациентите (во споредба со очекуваните 15,9% кај здравата популација) постигнале потпросечни нормативни резултати.

Овие резултати укажуваат на појава на оштетување на вербалното памтење кај депресивните млади луѓе. Меѓутоа, не се најдени значајни разлики во способностите за вербалното памтење помеѓу пациентите со умерена и тешка депресија.

Истражувачите ги прегледале податоците од испитувањето на краткорочното памтење преку тест со учење на листа од зборови.

Откриле дека испитаниците со повиоко ниво на EPA во крвта можат побрзо да се сетат на поголем број зборови во споредба со пациентите со умерено или ниско ниво на EPA.

Меѓутоа, не пронашле значајни разлики во поглед на статусот на EPA помеѓу пациентите со депресија и умерена депресија.

Научниците не успеале да воочат значајно влијание од статусот на DHA на било кој параметар на вербалното памтење.

Изненадувачки, забележале повисоко ниво на DHA и вкупните омега-3 масни киселини кај заболените со сероизна депресија, во однос на заболените со умерена депресија.

Едно од објаснувањата кое го предложуваат експертите се променетите прехранбени обрасци. Добиените резултати се во склад со претходните резултати од мета анализите кои укажувале на позитивни влијанија на EPA.

На основа на овие откритија, во идните студии би требало да се истражат влијанијата од земањето на EPA во споредба со DHA како додатоци во исхраната кај депресивни деца и адолесценти.

На тој начин потенцијално би можела да се воспостави препорака за природна и лесно достапна интервенција со цел подобрување на когнитивните способности или ремисија кај депресивните млади луѓе.

Предностите од земањето EPA како додаток во исхраната во однос на DPA допрва треба да се објаснат.

Треба да се земе предвид дека EPA се наоѓа во многу помали концентрации во мозокот во споредба со DHA.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button