Здравје кај жени

Природни начини за справување со нередовен менструален циклус

Нерегуларните менструални циклуси се познати како олигоменореа и претставуваат сериозен проблем кај жените.

Предизвикан од различни фактори како нагло намалување на телесната тежина, влошена здраствена состојба и начин на живот, овој проблем може да резултира со стрес и тензија. Пред да посегнеме по хормонска терапија важно да се обидеме со решенија кои се безбедни и пред се’ природни.

Во прилог ви претставуваме неколку најефективни природни начини со кои може да го индуцирате вашиот циклус (доколку е нерегуларен).

Магдонос

Магдоносот е традиционално користен за да се индуцира менструација со векови. Апиол и миристицин, се состојки кои се дел од составот на магдоносот и тие ги стимулираат контракциите на матката и на тој начин го индуцираат менструалниот циклус.

Начин на употреба: препорачаната дневна доза магдонос би требало да биде 6 г сув магдонос, кој може да го конзумирате 3 пати на ден по 2 г, во 150 мл зовриена вода, односно да го пиете како чај.

Реклама biskviti za deca

Кумин

Куминот познат како џираа на Хинди јазикот, припаѓа на истото семејство како магдоносот и има сличен ефекет.

Начин на употреба: може да правите чај од него или во најлесна варијанта да го користите при готвење, како зачин. Има одличен вкус, па покрај здравствените придобивки, ќе имате и вкусен оброк.

Ѓумбир

Чајот од ѓумбир е еден од најмоќните еменагози (билки со посебен состав кој го стимулираат менструалниот циклус), но како и магдоносот и ѓумбирот може да има некои несакани ефекти, како киселини во желудникот.

За циклуси кои многу доцнат препорачлива е комбинацијата магдонос и чај од ѓумбир. Ѓумбирот ја зголемува топлината околу матката со што поттикнува контракции.

Начин на употреба: ѓумбирот може да се конзумира како чај, свежо исцеден со мед или сиров. Пијте свеж сок од ѓумбир со вода во размер 2:1 секое утро на празен стомак, неколку дена пред регуларниот датум.

Целер

Комплетно безбеден, природен и препорачан од доктори, пиењето на сок од целер е еден од начините да индуцирате нередовен циклус.

Начин на употреба: свеж сок од целер два пати на ден го стимулира протокот на крвта до карлицата и матката, со што се иднуцира менструалниот циклус. 

Семe од анасон

Семето од анасон може да го ставите во зовриена вода и да добиете убав, миризлив чај кој може го пиете секое утро на празен стомак со цел да го регулирате вашиот циклус и да имате нормален проток.

Начин на употреба: ако не сте љубители на топли напитоци тогаш измешајте 2 лажици семе од анасон во чаша вода и оставете го преку ноќ. Исцедете ја водата изутрина и испијте ја на празен стомак.

Сусам

И сусамот може да го користите за да го индуцира циклусот, но најважно е да се јаде во умерени количини бидејќи предизвикуваат голема топлина во телото.

Начин на употреба: сусамот може да го јадете дури до 15 дена пред очекуваниот термин за вашиот менструален циклус, за да го поттикнете организмот да функционира навремено. Лажичка сусам, два пати на ден во топла вода или пржен сусам со мед 2-3 пати на ден е одличен почеток.

Храна богата со витамин Ц

Големи дози на витамин Ц може да го индуцира мензисот со зголемување на нивото на естроген во телото. Зголеменото ниво на хормоните стимулира контракции на матката, кои што го стимулираат крварењето.

Витаминот Ц исто така го редуцира нивото на прогестеронот и иницира распаѓање на еднометриумот, што доведува до навремен менструален циклус. Храната богата со витамин Ц како што се цитрусните овошки, кивите, брокула, домати и пиперки е препорачливо да ги внесувате секојдневно.

Друга храната која што може да ви помогне со овој проблем:

  • Бадеми
  • Јогурт
  • Грозје
  • Јајца
  • Лосос
  • Тиква
  • Урми
  • Морков
  • Алое Вера

Покрај храната, постојат и други опции.

Секс

Сексот и помага на матката да контрахира додека вагината е релаксирана. Исто така за време на сексуалниот однос се ослободуваат хормони кои помагаат во регулација на менструалниот циклус.

Топла вода

Познато ни е дека топлата вода ги смирува грчевите за време на менстуралниот циклус. Tака таа е и природен лек за индицирање на менструалниот циклус.

Ставете шише со топла вода на вашиот абдомен, 2-3 пати на ден и оставете ја 10-15 минути, за да забележите резултати.

Избегнувајте газирани пијалоци и кофеин

Кофеинот и газираните пијалоци ја попречуваат редовноста на месечниот циклус, па затоа ве советуваме да ги избегнувате или доколку имате потреба од кофеин да биде тоа во умерени дози.

Јод

Дефицитот на јод во вашето тело можеби е поврзано со проблеми со тероидната жлезда кои може да предизвикаат проблеми со редовноста на менстуралниот циклус. Конзумирањето неколку капки органски јод во чаша вода, може да влијае на балансот на хормоните и воедно менструалниот циклус.

Додавањето магнезиум, витамин Ц и селен во вашата секојдневна исхрана е исто така од големо значење.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button