Бубрежни болести

Намирници кои се добри за здравјето на вашите бубрези

Хроничното заболување на бубрезите влијае на голем број луѓе. Сите оние кои страдаат од дијабетес, срцеви заболувања или висок крвен притисок имаат висок ризик и од заболување на бубрезите.

Но, ризикот од заболување на бубрезите или постојните проблеми со бубрезите може значително да се намали со промена на вашата исхрана. Зголемениот внес на овие намирници е клучот кон успехот.

Лук

Свежиот лук е одлична опција за исхрана која е погодна за бубрезите бидејќи содржи антиинфламаторни својства и го смалува холестерол. Она што е добро кај лукот е тоа што на храната и дава дополнителен вкус без потреба од адитиви кои не се погодни за здравјето на бубрезите. Лукот е полн со антиоксиданси, а бројни истражувања укажуваат дека редовната конзумирање на лук помага и во борбата против ракот. Сепак, имајте во предвид дека лукот може да предизвика надуеност и гасови.

Маслиново масло

Во делови од светот каде што се користи маслиново масло наместо путер или други масла, има помалку срцеви заболувања, рак и болести на бубрезите. Маслиновото масло е богато со антиоксиданти кои го спречуваат оштетувањето предизвикано од слободните радикали и помагаат при воспаление на артериите.

Белка од јајце

Белката од јајце е богата со витамини и минерали кои можат да го подобрат целокупното здравје. Белките се богати со протеини и железо. Тие се скоро без маснотии и имаат помалку од 1 процент јаглехидрати.

Реклама biskviti za deca

Кромид

Како и лукот и кромидот е полн со антиоксиданти кои помагаат при срцеви и бубрежни заболувања. Кромидот има антиинфламаторно дејство, особено ако се консумира свеж.

Свежа риба

Рибите како лосос, пастрмка, харинга и сардини се полни со протеини и омега 3 масни киселини, кои телото не може да ги произведе самостојно. Оние кои редовно консумираат свежа риба го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, висок крвен притисок и холестерол. Исто така го смалуваат развојот на хронично заболување на бубрезите.

Брусница

Иако сите видови бобинки се здрави и полни со антиоксиданти, брусницата треба да биде особено забележана по својата единствена способност да се бори против инфекциите на уринарниот тракт. Брусниците се добри и за намалување на ризикот од срцеви заболувања и некои видови на рак.

Јаболка

Јаболката е поврзана со намален ризик од срцеви заболувања, некои видови на рак и намалено ниво на холестерол. исто така имаат добар ефект врз бубрезите.

Кељ

Кељот е зеленчук сличен на зелката, брокулата и карфиолот кој е полн со растителни влакна и витамини Ц и К, кои им се потребни на бубрезите за да функционираат со максимален капацитет. Но, кељот е на самиот врв бидејќи е богат со железо и бета-каротен.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button