Дали кето диетата е соодветна за спортисти?
Кетогената диета може да ги намали резултатите од интензивното вежбање на спортистите, покажаа новите истражувања.
Што е кето диета?
Кето диетата е режим на исхрана која се базира на конзумирање на храна со високо ниво на масти.
Со таква исхрана телото влегува во состојба на кетоза, каде што произведува кетони како извор на енергија. Тоа се случува затоа што нема доволно јаглехидрати за да ги користи како главен извор на енергија.
Кога се внесува малку јаглехидрати во телото, гликогенот се троши, а тоа води до губење на телесната тежина. Овој процес може да предизвика искривување на апетитот. Поради тоа луѓето кои се на кето диета често не јадат многу храна.
Кето диетата може да има многу предности, како што е намалување на инсулинската резистентност, подобрување на метаболизмот и подобрување на нивото на холестерол.
Оваа диета се користи за третман на епилепсија, иако не е целосно јасно зошто помага во контролирање на епилептичните напади.
Истражување
Четири дена истражувачите ги проучувале резултатите од вежбање кај 16 мажи и жени на диета со високо ниво на јаглени хидрати или ниско ниво на јаглени хидрати.
Откриле дека испитаниците на кетогена диета немале добри резултати како оние на диета со ниско ниво на јаглехидрати.
Краткорочната кетогена диета го намалува ефектот на вежбање зависно од енергија на анаеробните извори.
Ова е особено штетно за спортистите кои се занимаваат со спорт и активности со кратко траење, но со висок интензитет.
Кетогената диета е многу популарна диета за губење на телесна тежината и оптимизирање на здравјето. Но, научниците препорачуваат да се избегнува доколку станува збор за спортисти или луѓе со пониска физичка кондиција.