Прва помош

Прва помош при бурна алергиска реакција (анафилакса)

Алергиска реакција (анафилакса) e опасна по живот. Mоже да предизвика шок, ненадеен пад на крвниот притисок и проблеми со дишењето.

Кај луѓето кои имаат алергија, анафилаксата може да се појави неколку минути по изложеност на специфична супстанција што предизвикува алергија (алерген). Во некои случаи, може да има одложена реакција или може да се појави анафилакса без очигледна причина.

Како да постапите?

Што треба да направите доколку во моментот сте со личност која доживува алергиска реакција со знаци на анафилакса?

  • Веднаш јавете се на итна помош на 194 или на локален медицински број за итни случаи.
  • Прашајте го лицето дали носи епинефрин автоинјектор (EpiPen, Auvi-Q, други) за лекување на алергиски напад.
  • Ако лицето каже дека треба да употреби автоинјектор, прашајте дали треба да помогнете во инјектирање на лекот. Ова обично се прави со притискање на автоинтекторот во бутот на лицето.
  • Лицето во анафилакса треба да легне на грб.
  • Олабавете ја тесната облека и покријте го со лесна прекривка. Не му давајте на лицето ништо да пие.
  • Ако има повраќање или крварење од устата, свртете го лицето од своја страна за да спречите гушење.
  • Ако нема знаци на дишење, кашлање или движење, започнете со кардиопулмонална ресусцитација (CPR-срцевобелодробно оживување). Претискајте со фрекфенција од околу 100/минута – сè додека не пристигнат болничарите.
  • Добијте итен медицински третман дури и ако симптомите почнуваат да се подобруваат. По анафилакса, можно е симптомите да се повторат. Обично е потребно состојбата на болниот да се следи во болница неколку часа.

Ако сте со некој што има знаци и симптоми на анафилакса, не чекајте да видите дали симптомите ќе се подобрат. Веднаш побарајте итен третман. Во тешки случаи, нелекуваната анафилакса може да доведе до смрт во рок од половина час.

Антихистаминска пилула не е доволна за лекување на анафилакса. Овие лекови можат да помогнат во олеснување на симптомите на алергија, но работат премногу бавно во тешка реакција.

Реклама biskviti za deca

Знаците и симптомите на анафилакса

  • Реакции на кожата, вклучително и пешење, чешање и исушена или бледа кожа;
  • Оток на лицето, очите, усните или грлото;
  • Констрикција на дишните патишта, што доведува до отежнато дишење и проблеми со дишењето;
  • Слаб и брз пулс;
  • Гадење, повраќање или дијареја;
  • Вртоглавица, несвестица или несвесност;

Некои од најчестите причинители на анафилакса

  • Лекови;
  • Храна како што се кикирики, ореви, риби и школки;
  • Убоди од инсекти од пчели, оси, мравки и др.
  • Полен од растенија;

Ако во минатото сте имале било каква тешка алергиска реакција, прашајте го вашиот лекар дали треба да ви препише епинефрин автоинјектор за да носите со вас и бидете многу претпазливи и одговорни доколку сте склони на алергии и бурни алергиски реакции.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button