Студија открива како да го намалите ризикот од појава на камен во бубрегот
Камењата во бубрегот се формираат од одредени супстанции (калциум, оксалати, фосфати), кои во урината се застапени со повисоки концентрации од нормалните.
Причини за појава
Некои од факторите за појава на камен во бубрег се:
- лоша исхрана
- прекумерна телесна тежина
- генетска предиспозиција
- намален внес на течности
Тековните упатства за луѓе со бубрежни камења се промена во навиките на јадење со акцент на зголемен внес на течности, намален внес на натриум и оксалат и умерено внесување на протеини.
Студија
Но, благодарение на една американска студија, можеме да додадеме уште некои поважни компоненти кои би помогнале во превенција.
Истражувајќи ги факторите кои влијаат на зголемениот ризик од развој на камења во бубрезите во текот на 15 години, кај 84.225 жени во постменопауза, откриено е дека повисокиот внес на калории и намалена или отсутна физичката активност и играат главна улога.
Внес на калории
Имено, внесувањето на повеќе од 2200 калории на ден го зголемува ризикот од развој на камења во бубрезите за 42%. Од друга страна пак редовната физичка активност го намалува ризикот за 31%.
Физичка активност
Така, со комбинирање на физичка активност, трчање (1 час неделно), пешачење (3 часа неделно) или градинарство (4 часа неделно) и умерено внесување на здрава храна, ние придонесуваме за одржување на нашето бубрежно здравје.
Грижете се за вашето здравје и превенирајте болести пред да се појават.