Бубрежни болести

д-р Драгана Костеска Мисајлевска: aналгезична нефропатија

Се работи за широко распростането тубулоинтерстицијално заболување кое се јавува како последица на хронична примена на аналгетски комбинирани препарати. Клинички се карактеризира со прогресивен тек кој води до билатерална атрофија на бубрезите.

Епидемиологија: Се јавува доминантно кај женска популација, во средни години, во некои развиени земји достигнува и до 3-4%.

Етиопатогенеза

Основен лек одговорен за ова заболување е фенацетинот.  Кај пацинетите како основен пато-анатомски супстрат се јавува ренална папиларна некроза, оштетување на внатрешната медула поради капиларна склероза. Капиларната склероза е изразена на крвните садови на пиелонот и уретералната слузница. Тубулоинтерстицијалните промени кои се од хроничен карактер се последица пак на папиларна некроза.

Пациентите обично аналгетиците ги земаат со години и децении, а мора да постои и фактор за предиспозиција, затоа што сите кои ги користат не развиваат нефропатија. Комбинациите на лекови користат фенацетин или во поново време парацетамол во комбинација со салицилати, пиразонолон и некој седатив или стимулатор (кофеин, барбитурати итн).

Докажано е дека хронична употреба на фенацетин не може да доведе до ренална лезија, без дополнителна стимулација. За парацетамолот постојат податоци и за акутно и за хронично ренално оштетување, со тоа што може да доведе до лезија на артериоларните крвни садови.

Реклама biskviti za deca

Постои мала серија, на 7 пациенти, кои развиле типична клиничка слика на аналгетска нефропатија по конзумирање на 1-5.7кг  парацетамол како единствен лек. Јасно е дека комбинацијата на токсични лекови е пресудна за да се развие ренална лезија. ХЛА Б12 се сместа за предиспонирачки фактор од страна на индивидуата. Болеста се јавува во вид на 3 патоанатомски стадиуми:

  1. Капиларна склероза на горни уринарни патишта;
  2. Стадиум на папиларна некроза;
  3. Последователно кортикално паренхимно оштетување

Клиничка слика

Болеста е обично асимптоматска до почетокот на уремија. Рана ренална манифестација е нарушена тубуларна функција која се манифестира со нарушена уринарна концентрација и ацидификација. Хематуријата ( крв во урина)  може да укаже на свежа папиларна некроза или некоја компликација. Артериска хипертензија се јавува кај 50% од пациентите, како последица на стеноза на ренална артерија и има малигни карактеристики. Акутна папиларна некроза често е придружена со хипертензивна криза со парадоксално губење на сол и вода. Папиларната некроза во моментот на настанување најчесто не дава симптоми, тие се јавуваат кога некротизираното ткиво треба да се исфрли, се јавува колика ( бубрежна болка), макрохематурија, а можна е и уретерална опструкција.

Дијагноза

Потребно е да постојат два елементи:

  1. Долг период на внесување на аналгетикот
  2. Присутна бубрежна болест кај пациентот

Стерилна леукурија, лесна протеинурија, ниска моларност на утринска урина помагаат за поставување на дијагноза. Потребна е ехотомографија на бубрези и интравенозна пиелографија.

Лекување

Прекин на земање на комбинацијата на аналгетици, лекување на компликациите и дијализа кај напреднати стадиуми на ренална инсуфициенција.

Тек и прогноза

Болеста е бавно прогресивна, така што за да дојде до терминална хронична бубрежна инсуфициенција понекогаш се потребни децении, се разбира ако не дојде до некоја компликација која ќе го однесе пациентот на преглед.

СОВЕТ: НАЈДОБРА ПРЕВЕНЦИЈА Е ИЗБЕГНУВАЊЕ НА НЕПОТРЕБНА УПОТРЕБА НА АНАЛГЕТИЦИ. КОНСУЛАТЦИЈА СО ДОКТОР ЗА ДОЗАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ЛЕКОТ ПРЕД УПОТРЕБА!

                                                                                                        д-р Драгана Костеска Мисајлевска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button