Бубрежни болестиКардиоваскуларен систем

Врската помеѓу солта и здравјето на срцето и бубрезите

Истражување објавено во американското списание Journal of the American Society of Nephrology покажало дека намалениот внес на сол може да биде корисен.

Солта најмногу влијае на здравјето на срцето и бубрезите кај пациентите кои боледуваат од хронични бубрежни болести.

Излачувањето на протеините преку урината, вклучувајќи го и протениот на крвната плазма, албумин, е симптом на хроничната бубрежна болест – албуминурија.

Лечењето кое се базира на намалување на излачувањето на албуминот може да го забави откажувањето на бубрезите, а позитивно влијае на здравјето на срцето и крвните садови.

Сепак, за жал, моменталните облици на лечење не можат да ја намалат албуминуријата кај сите пациенти.

Реклама biskviti za deca

Тимот од научници истражувал два начина на лечење со потенцијал за трајно намалување на зголемените нивоа на албумин во урината.

Едниот начин е со намалување на количеството на сол во исхраната. Другиот со употреба на лек (парикалцитол) кој ги активира рецепторите за витаминот Д.

Испитување

Во испитувањето направено на 45 пациенти со хронична бубрежна болест, и двата начини на лечење биле спроведени во текот на осум недели.

Научниците откриле дека намалувањето на конзумацијата на сол довело до значително намалување на албуминуријата и крвниот притисок.

Додека парикалцитолот немал никакво влијание врз нив. Она што е интересно, пак, е дека комбинацијата на низок внес на сол и паркалцитол сепак резултирала со најдобро намалување на албуминуријата.

Испитаниците во истражувањето конзумирале двапати повеќе сол од препорачаниот дневен внес, односно, конзумирале четири грама дневно.

Интервенцијата на научниците се фокусирала на намалување на тој внес на 2,5 грама дневно.

Тоа и понатаму било повеќе од препорачаниот внес. Но, и оваа мала рестрикција резултирала со намалување на албуминуријата и крвниот притисок.

Ваквите резултати упатуваат на тоа дека дури и умереното намалување на конзумирањето сол може поволно да влијае на здравјето.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button