Ум и Тело

Пет совети како да го одржите вашиот ум здрав

Виталните промени на нашето тело и ум се нормални со текот на времето како што старееме. Сепак, постојат некои работи што можете да ги направите за да го помогнете процесот на забавување  на ослабување на меморијата и да го намалите ризикот од развој на Алцхајмерова болест или други деменции.

Ова се пет работи кои се препорачува да ги практикувате, со цел да го одржите вашиот ум здрав:

  1. Редовно вежбање

Вежбањето има многу бенефити и се покажува во пракса дека регуларната физичка активност има многу бенефити и врз здравјето на мозокот. Овие бенефити се резултат на зголемениот доток на крв до мозокот при вежбање. Исто така, има тенденција да се спротивстави на некои од природните намалувања на мозочните врски што се јавуваат за време на стареењето.

Трудете се да вежбате неколку пати неделно од 30-60минути. Може да пешачите, да пливате, да играте тенис или било каква модерирана аеробик активност која ќе ви го зголеми срцебиењето.

  1. Спијте доволно

Спиењето игра голема улога во менталното здравје. Постојат теории дека спиењето помага да се исчистат абнормалните протеини од мозокот и се консолидира меморијата, што ја зголемува целокупна меморија и здравјето на мозокот.

Реклама biskviti za deca

Важно е да се обидете да спиете од седум до осум часа навечер, а не фрагментиран сон од два до три часа. Последователното спиење му дава време на вашиот мозок да ги консолидира и да ги складира вашите мемории ефикасно.

  1. Практикувајте Медитеранска исхрана

Вашата исхрана игра голема улога во менталното здравје. Затоа се преопрачува Медитеранска исхрана, односно зголемен внес на зелечнук и овошје, цели зрна, риба и здрави масти ,како на пример маслиново масло. Вклучува многу малку црвено месо и сол , споредено со Американската исхрана.

Студиите покажуваат дека луѓето коишто ја практикуваат Медитеранската исхрана, имаат помали шанси за Алцхајмерова болест споредено со луѓето коишто практикуваат други начини на исхрана.

  1. Останете ментално активни.

Вашиот мозок е сличен на мускул – мора да го користите за да го одржите во форма, исто е и со мозокот. Има многу работи кои може да ги правите за да го одржите вашиот мозок во форма, како на пример да решавате крстозбор , да правите сложувалки или да решавате судоку, читање книги, играње карти.. Вклучете разни активности за да ја зголемите неговата ефективност.

Крајно не гледајте премногу телевизија, која што е пасивна активност и воопшто не го стимулира вашиот ум.

  1. Останете социјално активни

Социјалната интеракција спречува појава на депресија и стрес кои водат кон загуба на меморијата. Ова е одлична прилика да се поврзете со вашите сакани, пријатели, особено ако живеете сами. Постојат истражувања кои ги поврзуваат осамените луѓе со појава на мозочна атрофија, така што останувањето социјално активни може да има спротивен ефект и да го зајакне здравјето на вашиот мозок.


Мирјана Димитриевска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button