Совети за како да се справите со целулитот
Неправилната исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност, пушењето, генетските предиспозиции и хормоналните флуктуации играат важна улога во развојот на целулитот.
Мислењата на експертите за причините за појава на целулит се поделени. Некои веруваат дека целулитот е исклучиво генетски.
Други се повеќе склони да веруваат дека целулитот е резултат на исхрана богата со маснотии. Но, и недостаток на физичка активност и слаба циркулација доведува до акумулација на токсини во телото.
Но, за една работа се согласни. Тоа е дека клучот за успешна борба против целулитот всушност лежи во правилните навики во исхраната.
Течности
Најважно од се е да се внесува доволна количина на вода во текот на денот (најмалку 2 литри на ден). Тоа е за цел поттикнување на метаболизмот и отстранување на токсините.
Ова главно се однесува на водата конкретно, но исто така и на билните чаеви.
Посегнете по чај од коприва, стебленца од црешата и коњска опашка. Овие се издвојуваат како успешни агенси за стимулирање на циркулацијата и детоксикација на организмот.
Исхрана
Се препорачува намален внес или замена на преработени и солени оброци со изобилство на мешунки, овошје и зеленчук, риба и во умерена количина помалку мрсно месо.
Со други зборови, рецептот за борба против целулитот е медитеранска кујна која не само што спречува формирање на целулит, туку и му одговара на целиот организам.
Со цел да се забрза отстранувањето на штетните материи од организмот, се препорачува да се зголеми внесот на храна богата со:
- витамин Ц (овошје и зеленчук, природни овошни сокови)
- калиум (банани, кајсии, праски, портокали, грав)
- јаткасти плодови
- сулфур (месо од живина, риба, млеко, јајца)
Покрај тоа, пожелно е да се зголеми внесувањето на артичока, зелка, аспарагус и ананас, бидејќи тие дејствуваат како природни диуретици кои помагаат во излачувањето на вишокот течност, а со тоа помагаат во детоксикација на организмот.
Чест проблем што придонесува за акумулација на шететни материи во организмот, а со тоа и формирање на целулит е запекот.
Со цел да се регулира столицата, пожелно е да се вклучат природни лаксативи како:
- сливи
- пченични никулци
- лен и семе од овесна каша
- храна богата со диетални влакна (мешунки, овошје и зеленчук).
Во прилог неколку совети за како да ја спречите појавувата на целулитот.
Стратегии за борба против целулитот
- Потребно е да се издвојат најмалку 30 минути на ден за вежбање со цел да се активира метаболизмот и да се зајакне излачувањето на токсините. Физичката неактивност, а особено седењето цел ден, создаваат идеални услови за формирање на целулит. Пливањето се смета за оптимална форма на вежбање за да се спречи целулитот.
- Доколку периодично ги масирате областите кои се критични, ја стимулирате циркулацијата на крвта и лимфата и го поттикнувате слободувањето на целулит што е можно повеќе. Бидејќи целулитот е 3-5 милиметри под кожата, во сврзното ткиво, нема причина за грубо притискање и стискање. Масажата никогаш не треба да ја преминува границата на болката.
- Тесната облека, како што се фармерки или еластични чорапи, треба да се носат што е можно помалку, бидејќи ја нарушуваат циркулацијата. Но и високите потпетици играат голема улога во ова, па ви препорачуваме да не носите често потпетици повисоки од 5 см.
- Доколку се откажете од пушење, му правите услуга на целиот организам. Пушењето придонесува за акумулација на токсини во телото и се намалува стапката на внес на лекови, како што се апчиња за спиење или лаксативи.
- Телото треба да обезбеди доволно количество кислород, по можност со поминување на одредено време во природа.
- Препорачливо е да оставате доволно време за сопствено опуштање секој ден – многумина веруваат дека целулитот може да биде и резултат на стресен начин на живот, затоа посветете си барем еден час во текот на денот.