ИсхранаРецепти

Како правилно да подготвите чај од ѓумбир

Ѓумбирот има многу лековити дејства. Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Чајот од ѓумбир е природен препарат за намалување на стресот, поттикнување на будноста и енергијата.

При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.

Се верува дека ѓумбирот има силно афродизијачко дејство, кое може позитивно да влијае врз зголемување на сексуалното либидо и плодноста.

Два начини за подготовка на чај од свеж ѓумбир:

Реклама biskviti za deca

Исечете 3-4 тенки ленти свеж ѓумбир и ставете ги во 400 милилитри зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да стои 10-ина минути додека да добие боја.

Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.

Подготовка на чај од ѓумбир во прав:

Во една шолја зовриена вода додајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав. Покријте ја шолјата и оставете ја течноста да олади 10-15 минути пред консумација.

Чајот можете да го засладите со мед или да му го подобрите вкусот со свежо исцеден сок од лимон или портокал. Не се препорачува пиење на повеќе од два чаја од ѓумбир дневно. Не консумирајте чај од ѓумбир навечер бидејќи може да предизвика проблеми со спиењето.


АМ

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button