КожаСтручна Помош

д-р В.Заховска: Симптоми и третман на враснат нокт

Враснат нокт (Onychocryptosis ; unguis incarnatus) преставува сосотојба која е доста непријатна и болна.

Се карактризира со неправилен раст на ноктот во кожата и меките структури околу ноктот. Најчесто засегнат е палецот на стапалото и почесто се јавува кај младите и постарите лица.

Започнува со локлална инфламација пратена со црвенило оток и болка. Можни се бактеркиски и габични инфекции кој дополнително ја отежнуваат клиничката слика.

Знаци и симптоми на unguis incarnatus

Болка. Истата се интензивира при носење на тесни обувки.
Знаци на инфекција: црвенило, оток, локална топлина.
Може да се дренира гнојна содржина при постење на инфекција.

Тригер фактори за Unguis incarnatus

Неправилно и длабоко сечење на ноктите особено неговите краеви во овална форма;
– Долго носење на тесни обувки;
– Носење на тесни и стегнати чорапи;
– Деформитети на ноктот;
– Повреда на ноктот или палецот;
– Чести инфекции на ноктите.

Реклама biskviti za deca

Третман на Unguis incarnatus

Доколку постои инфекција потребно е нејзино санирање. После направиениот преглед кај лекар ќе се одреди локалната трапија како и стратегијата за понатамошно лекување. Хируршки третман е опција, кога конзервативниот третман е без резултат.

Кои типови на хируршки постапки се применуваат за враснат нокт?

Матриксектомија
Опретивен третаман кој има за цел механички да го уништи коренот на ноктот, наречен матрикс. Комплетната негова деструкција ќе резултира со траен губиток на ноктот. Со помош на матриксектомијата најчесто се отстранува само латералната (бочната) страна, додека пак со билатерална матриксектомија или остранување целокупниот матрикс (комплетна матриксектомија) се изведува поретко.

Превенција
Превенцијата подразбира редовна хигиена на стапалата и ноктите. Правилно сечење на ноктите подразбира сечење кое не е длабоко и овално. Да се носат памучни чорапи и комотни обувки.

д-р В. Зховска

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button