Како Паркинсоновата болест влијае на вашиот сон?
Паркинсоновата болест е прогресивна состојба која првенствено влијае на движењето, но исто така е поврзана со различни симптоми. Тие може вклучуваат нарушувања на спиењето и промени на кожата. Над 75% од лицата со Паркинсонова болест доживуваат симптоми поврзани со спиењето, кои може да се припишат на самата болест, нејзините симптоми, лекови и истовремени проблеми со менталното здравје.
Видови на нарушувања на спиењето
- Несоница: Несоницата се карактеризира со тешкотии да заспиете. Луѓето со Паркинсонова болест се изложени на зголемен ризик за развој на несоница. Таа може да се влоши како што болеста напредува.
- Апнеја при спиење: Приближно 40% од пациентите со Паркинсонова болест имаат апнеја при спиење, состојба која предизвикува кратки прекини во дишењето за време на спиењето. Симптомите вклучуваат ‘рчење, главоболки и дневна поспаност, со потенцијални сериозни здравствени импликации.
- Нарушување на РЕМ: Кај нарушувањето на РЕМ фазата мускулите остануваат активни предизвикувајќи поединците физички да ги одглумат своите соништа. Приближно половина од пациентите со Паркинсонова болест се погодени од ова нарушување.
Зошто Паркинсоновата болест предизвикува нарушувања на спиењето?
Паркинсоновата болест доведува до промени во мозокот и промени во активноста на невротрансмитерите. Нарушувањата на спиењето може да се појават пред другите симптоми на Паркинсонова болест. Понекогаш дури и може да претходат на дијагнозата на Паркинсонова болест. Симптомите поврзани со Паркинсоновата болест како што се ригидност и тремор може дополнително да ги влошат проблемите со спиењето.
Лековите што се користат за справување со Паркинсоновата болест може да влијаат на шемите на спиење, да го отежнат почетокот на спиењето или да предизвикаат дневна поспаност. Дополнително, болеста често се јавува со проблеми со ментално здравје, како депресија и анксиозност, за кои е познато дека го нарушуваат сонот.