Стручна ПомошФитнес

д-р Марија Јованоска: поврзаност меѓу физичката активност и здравјето на внатрешните органи

Физичката активност е исклучително важен фактор за здраво тело и дух. Без разлика дали го правите тоа за да намалите тежина, да постигнете некоја фитнес цел или пак само за забава, вежбањето ве менува.⁣⁣⁣
⁣⁣⁣⁣
Можеби сите знаме дека да се биде физички активен е од суштинско значење за долг, здрав, продуктивен живот. Но, честопати не разбираме што точно се случува зад сцената.⁣

Како физичката активност влијае на нашите органи?

Мускули⁣⁣⁣⁣

За потребната енергија за контрактирање на мускулите телото се повикува на гликоза, шеќер што го складираме од храната во форма на гликоген. Исто така му е потребно аденозин трифосфат или АТП, а нашето телото има само мали количини на глукоза и АТП.

По брзо користење на овие резерви, на телото му треба дополнителен кислород за да се создаде повеќе АТП. Повеќе крв се испумпува во мускулите кои се активни во моментот за да го испорача тој дополнителен кислород. Без доволно кислород, наместо тоа АТП, се формира млечна киселина. Млечна киселина обично се испушта од телото во рок од 30 до 60 минути по завршувањето на тренингот.⁣⁣⁣⁣
Интензивната физичка активност предизвикува физичка траума на мускулните влакна. Болката која обично трае неколку дена значи дека настанауваат промени.⁣⁣

Бели дробови⁣⁣

На вашето тело можеби ќе му треба до 15 пати повеќе кислород кога вежбате. Затоа почнувате да дишете побрзо и потешко. Вашата стапка на дишење ќе се зголеми сè додека мускулите околу белите дробови едноставно не можат да се движат уште побрзо. Овој максимален капацитет на употреба на кислород се нарекува витален капацитет. Колку е повисок, толку поспремен физички е човекот. ⁣⁣

Срце

Кога вежбате, отчукувањата на срцето се забрзуваат со цел да се забрза и циркулацијата поради зголемената потреба од кислород во телото. Колку повеќе вежбате, толку поефикасно ќе стане вашето срцето во овој процес, така што ќе можете да вежбате се по напорно и подолго. Професионалните спортисти поради редовните напорни тренинзи имаат помал срцевиот ритам во мирување. Вежбањето исто така го стимулира растот на нови крвни садови, предизвикувајќи регулиран крвен притисок. ⁣

Реклама biskviti za deca

Желудник и црева⁣

Бидејќи во телото циркулира повеќе крв особено во мускулите, дигестивниот системите и функциите поврзани со него сега не се со најголем приоритет. Сите физиолошки процеси во желудникот и цревата сега се во втор план. Поради ова се советува да не се вежба со полн стомак.

Мозок

Зголемениот проток на крв исто така му користи на мозокот. Мозочните клетки ќе започнат да функционираат на повисоко ниво, правејќи да се чувствувате повнимателни и будни за време на вежбање. Ова ќе ве остави фокусирани и по самиот тренинг.

Кога редовно вежбате, мозокот се навикнува на овој чест наплив на крв и се прилагодува со вклучување или исклучување на одредени процеси. Многу од овие промени што ја зголемуваат функцијата на мозочните клетки не штитат од болести како што се Алцхајмерова болест, Паркинсон, дури и мозочен удар.

Исто така, вежбањето предизвикува наплив на хемиски гласници во мозокот, наречени невротрансмитери. Тие вклучуваат ендорфин, честопати наведен како причина за митскиот ,,runners high“. Тука е и серотонинот кој ни го дава чуството на задоволство и среќа после вежбањето.

Хипофизата

Овој контролен центар во мозокот ја алармира надбубрежната жлезда да ги излачи хормоните потребни за движење. Од хипофизата се ослободува и хормонот за раст. Бидејќи телото бара повеќе ресурси откако ќе ги искористи нашите залихи на гликоген, ќе се осврне на мускулите или на маснотиите. Затоа хормон за раст делува како чувар на мускулите, кажувајќи му на организмот наместо нив да ги согори маснотиите за да ја добие потребната енергија.

Од горенаведените факти можеме само да заклучиме дека физичката активност е есенцијален и најважен фактор за обликување на нашето тело и одржување на здравјето на внатрешните органи на завидно ниво.

д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button