Невролошки болести

Мултипла склероза: клинички форми, дијагноза и терапија

Мултипла склероза е воспалително, демиелинизирачко заболување на ЦНС (централен нервен систем). Се карактеризира со плаки на демиелинизација кои се мултипни и дисеминирани насекаде во различни делови на ЦНС и со различна старост и различна големина.

Мултипла склероза е болест на млади луѓе најчесто околу 30  години при што првиот напад поминува спонтано. Додека пак следните се со различна зачестеност и постепено остануваат трајни невролошки знаци.

Клинички форми на болеста

  1. Ремитентна форма – е најчеста форма која се јавува со акутни напади по кои за неколку недели настапува речиси целосно заздравување.
    • Напад-атака-егзацербација е појава на нов симптом, појава на стар симптом или влошување на постојаниот симптом во било кое време по првиот, а трае 24-48часа.
  2. Примарно-прогресивна форма – болеста станува се потешка односно инвалидноста се акумулира.
  3. Секундарно-прогресивна форма – по неколку години ремитентната форма преминува во секундарно-прогресивна кога веќе нема ремисии меѓу нападите, а инвалидираноста постепено се зголемува.
  4. Прогресивно-ремитентна форма – болеста има прогресивен тек, а повремено се јавуваат егзацербации.
  5. Бенигна форма – болеста напредува бавно, со ретки егзацербации и бавно развивачка инвалидност.

Дијагнозата се поставува со : клиничко испитување, лабараториски, електо-физиолошки и неврорадиолошки методи.

Терапија

  • акутните егзацербации – се лекуваат со кортикостероиди кои имаат антиинфламаторно, антиедематозно, имуномодулирачко и стабилизирачко дејство врз хематоенцефална бариера.
  • период меѓу егзацербации – се лекува со интерферони, кополимер, цитостатици, имуноглобулини.
  • хронично-прогресивна форма – се лекува со цитостатици и интерферон бета 1.
  • симптоматска терапија – лекување насочено кон спазми, интенционален тремор, болки, замор, пароксизмални симптоми, психички проблеми.

Напомена: Ниту една содржина на оваа страница, не треба да се користи како замена за директен медицински совет од вашиот лекар или друг квалификуван лекар.

Реклама biskviti za deca
Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button