Рецепти

Стефанија Несторовска: Предлог здраво саботно мени

ДОРУЧЕК

Протеински палачинки со Грчки јогурт (или павлака)

Состојки

  • 100 гр. овесни снегулки
  • 120 гр. Грчки јогурт или обична павлака
  • 2 јајца
  • 180 мл. млеко по желба (јас најчесто користам бадемово млеко меѓутоа било какво млеко ќе одговара)
  • 1 лажичка ванила во прав
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка прашак за пециво

Начин на подготовка

Реклама biskviti za deca
  1. Во блендер или сецко се блендираат овесните снегулки се додека не се добие текстура на брашно.
  2. Во длабок сад се додава добиеното брашно од овес заедно со сода бикарбона И прашак за пециво и се промешува
  3. Се додаваат и останатите состојки и повторно убаво се промешува додека не се добие кремаста соединета смеса
  4. Смеса се остава да отстои 15-20 минути на собна температура
  5. Се загрева нелепливо тавче за пржење на средна температура и се додава кокосово масло (или било какво масло за да се спречи лепење на смесата)
  6. Кога маслото е загреано се додаваат околу 4 големи лажици од смесата во центарот на тавчето во форма на круг и се пржат додека не се појават меурчиња. Се врти од другата страна и се пржи уште дополнителни 2-3 минути
  7. Се сервираат и се додаваат топинзи и додатоци по желба

 

РУЧЕК

Здрави пилешки прсти

Состојки

  • 500 гр. пилешки гради (околу 3 парчиња),исецкани на тенки ленти
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици лимонов сок
  • малку сол и бибер
  • 1 јајце + 1 лажичка вода

За поховање

  • 50 гр. мелени бадеми
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка сув магдонос
  • ½ лажичка црвен бибер
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка сол

Начин на подготовка

  1. Се загрева рерната на 220° и се подготвува тава за печење. Доколку користите нелеплива тава само се додава малку зејтин, доколку користите обична тава поставете хартија за печење
  2. Во сад се додаваат пилешките гради, се полеваат со маслиновото масло и лимоновиот сок и се “масираат” за сите парчиња да бидат подеднакво опфатени и намачкани
  3. Се додава малку сол и бибер и повторно се промешува
  4. Во мал сад се додава јајцето и водата и со маталка се промешува за да се соединат белката и жолчката
  5. Во одделен сад се додаваат сите состојки за поховање и се промешуваат
  6. Секое парче од пилешкото месо се валка прво во смесата од јајце па потоа во смесата за поховање и се протресува за да падне остатокот
  7. Се поставува на тавата за печење и се повторува постапката со останатите парчиња месо.Парчињата месо се поставуваат така што ќе имаат простор меѓу нив
  8. Се печат 10 минути , се превртуваат од другата страна и се печат уште дополнителни 10 минути (20 минути вкупно)
  9. Се сервираат со додатоци по желба, моја препорака: зелена салата и печени компири

 

УЖИНА

Сирови бомбици со малина

Состојки

За. бомбици

  • 150 гр. индиски ореви
  • 35 гр. кокосови снегулки
  • 60 мл. јаворов сируп (или мед)
  • 2 лажици кокосово масло (на собна температура, не комлетно стврднато)
  • неколку замрзнати малини

За чоколадниот прелив*

  • 120 мл. кокосово масло (стопено)
  • 60 мл. јаворов сируп
  • 80 гр. какао во прав
  • Може да се користи 1 чоколадо стопено во замена за чоколадниот прелив

Начин на подготовка

  1. Во блендер или мултипрактик се додаваат индиските ореви и кокосот и се пулсира додека не се иситнат на малечки парчиња. Текстурата е во зависност од желбата. Ако се иситнат на многу ситно текстурата на бомбиците ќе биде по кремаста, а доколку се остават и поголеми парчиња текстурата ќе биде по крцкава
  2. На истата смеса се додаваат и останатите состојки за бомбиците и се блендира додека сите состојки не се соединат
  3. Смесата треба да биде доволно леплива за да може лесно да се формираат топчиња без да се распаднат. Доколку е премногу сува се додава уште малку јаворов сируп или кокосово масло се додека не се постигне посакуваната смеса
  4. Од добиената смеса се формираат топчиња во големина по желба и во средината се додава по една малинка и повторно се ролаат така да малинката биде во средина и од сите страни е покриена од смесата
  5. Се оставаат во фрижидер да зацврстат а во меѓувреме се подготвува чоколадниот прелив
  6. Сите состојки за чоколадниот прелив се додаваат во мал длабок сад и се мешаат додека не се добие течна соеднета смеса налик чоколаден прелив
  7. Доколку се користи готово чоколадо само се топи во микробранова или на рингла во мало тенџерче
  8. Секоја бимбица се прелива во чоколадниот прелив и по желба се проросуваат со кокосови снегулки
  9. Бомбиците се оставаат во фрижидер да зацврстат половина час и потоа се спремни за конзумирање
  10. Се чуваат во фрижидер или пак замрзнивач и до неколку месеци

 

ВЕЧЕРА

Полнет модар домат

Состојки

  • 3-4 мали модри патлиџани
  • околу 10тина шери домати
  • 1 конзерва наут
  • 1 мал кромид, исецкан на ситни коцки
  • 1 чешне лук, ситно исецкан или испасиран
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка кимион (зачин)
  • 1 лажичка оригано
  • магдонос за сервирање, ситно исецкан
  • масло за пржење

Начин на подготовка

  1. Модрите домати се премиваат да се отстрани било каква нечистотија, се бришат со чиста крпа и се сечат вертикално на две половини
  2. Се поставуваат на тава за печење, се премачкуваат со масло за печење и со вилушка се боцкаат неколку пати така што нема да испукаат при печење
  3. Се печат на загреана рерна од 220º околу 30тина минути односно додека не се боцнат со вилушка лесно. Треба да бидат меки
  4. Во меѓувреме се додава наутот во цедалка и се премива со ладна чиста вода. Се остава да се исцеди убаво додека се спремаат останатите состојки
  5. Во тава за пржење се додава малку масло за пржење и се остава да се загрее. Се додава исецканиот кромид и лук и се остава да се карамелизира односно да се пржи додека не добие транспарентна боја
  6. Се додаваат наутот,зачините и шери доматите и се оставаат да се пржат се додека наутот не добие златеникаста боја. Околу 10тина минути на средно-висока температура
  7. Испечените модри патлиџани се вадат од рерна и се пресекува внатрешниот дел на секоја половина односно се прави место да се додаде филингот од смесата
  8. Се додава рамномерно во секоја половина од модрите патлиџани еднакво и се вракаат во рерна уште 10тина минути
  9. Магдоносот се додава кога ќе се извадат од рерна
  10. Може да се чуваат во стаклен сад во фрижидер до 5 дена

 

Предлог мени за во недела.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button