Исхрана

Неколку причини зошто ѓумбирот треба да биде дел од секојдневната исхрана

Ѓумбирот (Zingiber officinale) е едногодишно растение кое потекнува од Азија и има долга историја на употреба како зачин во здравата исхрана.

Се користело како храна и лек дури илјадници години пред нашата ера и се смета за првиот зачин со кој биле запознаени Европјаните.

Свеж ѓумбир

Помага при:

  • намалување на високиот холестерол
  • одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир
  • намалување подуеноста на стомакот
  • олеснување на тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови
  • обновување на цревната флора
  • нередовната столица
  • ублажување на главоболка и мигрената

Начин на употреба: Свежиот ѓумбир е добар за консумација откако добро ќе се измие и излупи. Исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.

Ѓумбир во прав

Помага при:

Реклама biskviti za deca
  • ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав
  • неутрализирање на желудочните киселини
  • нормална работа на дигестивниот систем
  • воспалителни болести
  •  ублажување на болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка
  • забавување на растот на канцерогените тумори ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање
  • забрзување на  циркулацијата
  • згрутчувањето на крвта
  • опуштање на уморните мускули

Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.

Состав

Сировиот ѓумбир се состои од 79% вода, 18% јаглехидрати, 2% белковини и 1% масти. Секои 100 грама ѓумбир имаат 80 калории и содржат умерени количества на витамин Б6 (12% од дневниот внос- ДВ) и минералите магнезиум (12% ДВ) и манган (11% ДВ), а во друг поглед имаат ниска хранлива вредност.

Кога е во сомелен облик, една кафена лажичка (5 грама) содржи 9% вода и занемарливи хранливи состојки, со исклучок на манган (70% ДВ).

Консумирајте ѓумбир умерено, не повеќе од 4 грама дневно.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button