Дали веганската исхрана ви е сојузник или непријател?
Што е веганство?
Веганството е начин на исхрана при кој се одбегнува каква било грубост кон животните, нивно убивање или искористување за храна, облека и друга намена.
За многу луѓе веганството не претставува само одлука за избор на храна која ја внесуваат во својот организам, туку и како таа одлука афектира се што е надвор од нивното тело : животните, планетата и глобалната заедница.
Храна
Веганска храна опфаќа житарици ,овошје и зеленчук, мешункасти плодови, соја, тофу и јаткасти плодови и слично. Со други зборови, сета храна што е од растително потекло.
Но, ако ги оставиме на страна еколошката и етичката страна на веганството, ни се отвораат нови прашања: Што се случува со нутрицијата, дали нашиот организам ќе биде задоволен со сите нутритивни состојки, протеини, витамини, дали во целост треба да ги отфрлиме производите од животинско потекло за да имаме бенефит од веганската диета ?
Мислењата на нутриционистите и лекарите за оваа тема се поделени. Ниту еден од нив не го оспорува здравствениот бенефит од веганската храна, но мора да се споменат и несаканите ефекти кои може да ги предизвика доколку не се применува равилно.
Нутриционистите сметаат дека можете да имате здрав вегански начин на живот доколку сте добро информирани. И секако, не смееме да го заборавиме доброто планирање на вашите оброци.
Предности на веганска храна
Исхраната базирана на растителни производи го намалува нивото на холестерол и заситени масни киселини. Благодарение на тоа се подобрува работата на срцето и крвните садови.
Содржи растителни влакна со што се подобрува столицата и се намалува крвниот притисок. Исто така допридонесува за чиста и кожа без акни, слабеење, подобрување на концентрација и друго.
Недостатоци на веганска храна
Недостатоците вклучуваат намален внес на витамнин Б12, кој го нема во намирниците од растително потекло. Иако, еден облик од овој витамин се наоѓа во ферментираните производи од соја, алги и никулци од јачмен. Но сепак, тој не е идентичен со витаминот Б12 кој е присутен во организмот.
Резервите на Б12 во организмот се трошат за период од една година. Затоа можат да се јават вртоглавици, губење на свест, замор, намалена концентрација и помнење и слично.
Некои нутриционисти предубредуваат за опасност од протеински дефицит, односно дефицит на есенцијални аминокиселини. Исто така може да дојде до недостаток на железо, витамин Д, калциум, јод, цинк и селен.
Треба да се напомене дека, јадењето на балансирана и разновидна храна е клучно доколку сте веган. Доколку вашата исхрана се состои од мешунки, семки, соја, и разновиден сезонски зеленчук и свежо овошје, тогаш сте на добар пат.
Повеќе околу дефицит на Б12 може да прочитате овде.
Вкусен вегнски рецепт може да најдете овде.