Одлична вест! Темната чоколада е добра за вас, а еве 12 причини зошто да ја јадете
Желбата за благо понекогаш е посилна од нас и не можеме да ја контролираме, па завршуваме со неколку изедени коцки или пак цели чоколади, вишок внесени калории и грижа на совест.
Постојано размислуваме и ги пребројуваме калориите, шеќерите и мастите кои сме ги внеле во нашето тело. Но, постои утеха. Не се сите чоколади се штетни.
Генерално, во чоколадната индустрија постојат 3 типа на чоколада. Темна, бела и млечна чоколада.
Белата и млечната чоколада содржат многу висок процент на додадени маснотии и имаат многу малку микронутритиенти, за разлика од темната чоколада која ги задржува природните масностии од семето на какаото (основната состојка начоколадата) како и микронутриентите.
Консумирањето на темна чоколада, покрај тоа што е слатко задоволство, има и многу позитивни придобивки како:
- Ја ублажува здодевната кашлица;
- Го снижува високиот крвен притисок;
- Помага при висок холестерол;
- Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар;
- Го подобрува расположениетои го намалува стресот;
- Може да биде дел од диетата во борбата со вишок килограми;
- Може да превенира од оштетувања на кожата при изложеност на сонце;
- Добра е за здравјето на мозокот;
- Ја подобрува концентрацијата;
- Ја „убива“ гладтта;
- Придонесува за здрав и појасен вид;
- Има антиоксидативно дејство.
Токму поради овие причини изберете темно чоколадо наместо млечно или бело. Сепак, уживајте во умерени количини.