Сè што треба да знаете за витамиот А
Витаминот А е првиот откриен витамин, затоа е именуван со првата буква од латиницата. Тој е особено важен за одржување на добар вид, за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.
Препорачан внес на витамин А
Препорачаните дневни потреби од витамин А варираат во зависност од полот и возраста на лицето.
- Бебиња (3 години и помалку) – 300µg
- Деца (4-8 години) – 400µg
- Деца (9-13 години) – 600µg
- Тинејџери (14-18 години) – 900µg
- Возрасни (19 години и нагоре) – 900µg
- Бремени жени (18 години и надолу) – 750µg
- Бремени жени (18 години и нагоре) – 770µg
- Доилки (18 години и надолу) – 1 200µg
- Доилки (18 години и нагоре) – 1 300µg
Симптоми при дефицит на витамин А
Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се: склоност кон вирусни инфекции, ноќно слепило, алопеција (опаѓање на косата), загуба на апетит, проблеми со коските.
Суфицит на витами А
Консумирањето на премногу витамин А, обично по пат на суплементи или одредени лекови, може да предизвика вртоглавици, гадење, главоболки, кома, па дури и смрт.
Високите дози на витамин А кај бремените жени, исто така може да предизвикаат вродени дефекти кај нивните бебиња. Затоа трудниците не треба да внесуваат високи дози на овој витамин.
Консумирањето на големи количини на бета-каротин или други форми на провитамин А, може да ја промени бојата на кожата во жолто-портокалова, но оваа состојба е безопасна.
Храна богата со витамин А
Витаминот А природно се наоѓа во многу прехранбени производи и е додаван во некои производи, како млекото и житарките. Може да го обезбедите дневниот препорачан внес на овој витамин јадејќи разновидна храна, а особено следниве јадења:
- Говедски црн дроб и други видови на месо. Лошата страна е што овој вид храна содржи големо ниво на холестерол и затоа треба да се консумира умерено;
- Зелен листест зеленчук и други зелени, портокалови и жолти зеленчуци, како брокулите, морковот и тиквичките;
- Овошје, вклучувајќи диња, папаја, праски, кајсии и манго;
- Некои видови риба, како што е лососот;
- Мусли;
- Млечните производи.