д-р Т. Поповски – Ангиоедем
Ангиоедем (Angiooedema, Oedema Quincke) се манифестира со акутна појава на едем (оток) на кожа и слузници кој може да настапи истовремено со уртикарија или изолирано. Најчеста засегната локација е лицето ( усни, очни капаци), во овие услови може да дојде и до обезличување во зависност од интензитетот на отокот. Доколку се појави оток во горни дишни патишта (ларингоедем) го отежнува дишењето и преставува сериозна клиничка состојба. Често бара итна медицинска помош.
Оваа алергиска реакција најчесто е предизвикана од:
- прехрамбени производи
- конзерванси (Na- бензоат и др.)
- лекови (ацетсалицилна киселина, NSAIL-нестероидни антиинфламаторни лекови, инхибитори на ангиотензин конвертазите или ACE инхибитори и др.)
- инхалациони алергени
Дијагнозата се поставува на основа на детална анамнеза, клиничка слика, проби на елиминација и експозиција како и алерготестирање но во соодветни услови.
Лекување подразбира елиминација на алерген, сторга диета и антиалергиска терапија која може да биде перорална или парентерална.
д-р Т. Поповски
Пзу Омнис