Прва помош
Како да пружите прва помош при задушување со храна или ситен предмет
Задушувањето се јавува кога страно тело или парче храна остануваат заглавени во грлото, со што се спречува ефикасно дишење. Задушувањето го запира протокот на кислород до мозокот, па затоа е важно да се реагира веднаш и да се обезбеди прва помош што е можно побрзо.
Симптоми (знаци) на гушење:
- Отежнато дишење
- Силно кашлање
- Неможност за говор
- Сина кожа, усни и нокти
- Губење на свест
Гушење предизвикано од храна или ситен предмет
На личност што и застанала храна или ситен предмет, прво треба да ја охрабрите да кашла како би го исфрлила страното тело на тој начин. Доколку тоа не е можно, применете ги следниве совети:
- Човек кој се гуши треба да го удрите пет пати на задниот дел на грбот меѓу плешките. Застанете на страна или зад пациентот, ставете една рака под градите на лицето што се задушува, свиткајте го на половината – така што горниот дел од телото е паралелен со земјата, а со дланката на слободната рака изведете пет удари на задниот дел.
- Пет абдоминални удари (Хајмлих-ов зафат)
Како да изведете маневар на Хајмлих на некој друг
- Застанете зад лицето. Ставете ја едната нога малку пред другата за рамнотежа. Завиткајте ги рацете околу половината.
- Наведнете го лицето што се гуши малку напред.
- Едната шака стегнете ја во тупаница. Поставете ја малку над папокот на лицето.
- Фатете ја тупаницата со другата рака. Притискајте силно во абдоменот – како да се обидувате да ја кренете лицето нагоре.
Изведете помеѓу шест и десет абдоминални притискања сѐ додека не се отстрани блокадата.
Како да изведете Хајмлих-ов зафат на себеси
Прво, ако сте сами и се гушите, веднаш повикајте итна медицинска помош. Потоа, следете ги следниве чекори:
- Поставете тупаница малку над папокот.
- Фатете ја тупаницата со другата рака и се наведнете се над тврда површина (стол, маса и сл.)
- Движете ја тупаницата навнатре и нагоре.