Сите лица на стресот: дали се препознавате во некое?
Управувањето со стресот може да биде комплицирано и збунувачко, бидејќи постојат различни видови на стрес: акутен, епизоден акутен и хроничен стрес. Секој вид има свои карактеристики, симптоми, времетраење и тераписки пристап.
Акутен стрес
Најчест облик на стрес. Се развива како резултат на барањата и притисоците од неодамнешното минато и очекуваните барања и притисоци од блиска иднина.
Иако акутниот стрес во мали дози може да биде возбудлив, премногу стрес е исцрпувачки и може да доведе до психолошки проблеми, тензични главоболки, проблеми со стомакот и други симптоми.
За среќа, повеќето луѓе ги препознаваат симптомите на акутен стрес. Тука всушност спаѓаат различни ситуации, на пример: судир со автомобил, губење на важен договор, краен рок за предавање на некоја задача на работното место, повремените проблеми на нивните деца на училиште и така натаму.
Бидејќи е краткотраен, акутниот стрес не може да предизвика поголема штета отколку онаа предизвикана од долгорочен стрес.
Најчести симптоми на акутен стрес се:
- емоционални тегоби-лутина, раздразливост, вознемиреност и депресија,
- проблеми со главоболки, грбни болки, болки во вилицата, контракција на мускулите и проблеми со тетивите и лигаментите
- проблеми со дигестивниот систем како што се зголемена киселост на желудник, надуеност, дијареја, запек и синдром на иритабилно црево;
- прекумерна возбуда која доведува до висок крвен притисок, брзо чукање на срцето, краткорочно чувство на неправилно чукање на срцето, потење на дланките, вртоглавица, главоболка, ладни раце или нозе, скратен здив и болка во градите.
Акутниот стрес може полесно да се управува и лекува.
Епизоден акутен стрес
Постојат луѓе кои доживуваат чести епизоди на акутен стрес и чиј живот е тотално хаотичен. Постојано се во брзање и секогаш доцнат.
Тие земаат сè при срце и не можат да се справат со барањата и притисоците што самите си ги наметнуваат. Се чини дека постојано се наоѓаат во канџите на акутен стрес.
Вообичаено, оние кои се под акутен стрес се многу возбудени, раздразливи, вознемирени и напнати.
Честопати се непредвидливи и избувливи, а тоа делува непријателски на меѓучовечните односи, па така склони се кон расправии и нарушување на односите со другите луѓе и работното место им станува многу стресно.
Срцева карактеристика, карактеристика тип А, која ја опишале кардиолозите Meter Friedmаn и Ray Roseman се однесува на тоа дека луѓе кои ја поседуваат, искажуваат претерано компетитивно однесување, агресивност, немаат трпение и чувствуваат итност во секоја ситуација.
Освен тоа кај овие луѓе постои добро рационализирана форма на непријателство и длабока несигурност. Friedmаn и Roseman откриле дека личности со тип А карактеристики имаат поголема веројатност да развијат коронарна болест отколку личности со тип Б карактеристики (сосема спротивен модел на однесување).
Уште еден облик на епизоден акутен стрес произлегува од постојана грижа
За некои личности секоја ситуација е катастрофална и песимистично гледаат на неа. Тие исто така имаат тенденција да бидат раздразливи и напнати, но повеќе се загрижени и депресивни отколку лути и непријателски настроени.
Симптоми на епизоден акутен стрес се симптоми на прејака возбуда: главоболка, мигрена, хипертензија и срцеви заболувања. Лечењето бара интервенција на повеќе нивоа и стучна помош што може да потрае неколку месеци.
Хроничен стрес
Додека акутниот може да биде по малку возбудлив, хроничниот стрес воопшто не е. Тој не уништува малку по малку, од ден во ден. Хроничниот стрес го уништува телото и умот. Ваков тип на стрес се јавува при сиромаштија, дисфункционално семејство, несреќен брак или незадоволство од работа и кариера.
Хроничен стрес се развиваа кога личноста не гледа излез од лошата состојба. Тоа е стрес на постојани очекувања и притисоци. Без надеж, поединецот се откажува од барање на решение.
Некои хронични стресови произлегуваат од трауми во раното детство кои остануваат засекогаш болни и присутни искуства.
Тие може многу да влијаат врз формирањето на личноста, нејзините лични ставови, верувања и сфаќања за светот кои може да се сосема спротивни од реалноста.
Така личноста доаѓа до момент каде мора да ги преформулира и да ги промени погледите кон одредена ситуација. Тогаш настанува една стресна ситуација и конфликт на личноста со самата себе за што често е потребна струшна помош.
Најлошиот факт за хроничниот стрес е тоа што луѓето се навикнуваат на него, забораваат дека е присутен. За разлика од акутниот стрес, за кој побрзо стануваат свесни бидејќи е нов, хроничниот го игнорираат бидејќи е стар, познат, а честопати и комфорен.
Хроничниот стрес убива
Самоубиство, насилство, срцев или мозочен удар, дури и карцином. Луѓето добро се носат со хроничниот стрес до одреден момент. Но, заради долготрајното дејство на стресот кое ги исцрпува физичките и менталните резерви, многу е тешко и долготрајно лекувањето на хроничниот стрес кое може да бара мултидисциплинарен пристап.
Колку што е важно секое утро да испиете вашето мултивитаминско смути или да изедете цела чинија со овошје, исто толку важно е да размилувате и разговарате за вашите чувства и проблеми .
Затоа, најпрво како поединци, а потоа и како заедница треба постојано да се грижиме за нашето ментално здравје.