Сарми со сејтан
Зимскиот период е познат по киселата зелка која изобилува со витамин Ц и витаминот Б12 кој е исклучително активен за време на киселењето. Пантотенска киселина (која ја има во витаминот Б5) е многу важен за клеточната енергија и здрава коса, а не изостануваат и фолната киселина и витамините А и Д. Па, токму поради тоа ви спремивме еден здрав и полн со витамини рецепт за сарми со сејтан, кој ќе го задоволат вкусот на карниворите, но и на веганите. Лесен и едноставен, а многу вкусен. Уживајте!
Потребни состојки:
- 1кг кисела зелка
- 500гр свеж сејтан (парчињата сејтан маринирајте ги еден ден претходно во соја сос)
- 2 чаши ориз
- 2 рендадни моркови
- 1 помал целер
- 2 главици кромид
- 3-4 чешниња лук
- 4 лажици брашно
- 2 лажици соја сос
- сол,црвен пипер, масло
Подготовка:
Парчињата сејтан се валкаат во брашно и кратко се пропржуваат , потоа ги сецкате ситно. Изренданиот зеленчук, заедно со кромидот се пропржуваат и се додаваат четирите лажици брашно и сејтанот. Се’ ова добро запржете го и тргнете го настрана. Од зелката извадете ја дебелата средина и наполнете ги со филот. Загрејте 3 лажици масло и додадете го црвениот пипер и додајте ги сармите, па полијте ги со вода и варете ги околу 50 минути , се додека зелката не се свари убаво. По потреба додадете соја сос и убаво протресете за рамномерно да се распореди. Наздравје !
М.Д