Психологија

Со редуцирана употреба на социјални медиуми до ментална благосостојба

Ситуацијата во која се наоѓаме, нѐ погоди сите, но и ни е показател и мотивација за да ги вреднуваме и да ги постигнеме сите нешта кои вистински, духовно нѐ исполнуваат.

Големиот опсег на слободно време на кое што наидовме ни остави простор за стекнување на нови добри навики, но и интензивирање на старите лоши навики.  Додека секојдневно се шират нови вести за КОВИД-19 сигурна сум дека сте се “фатиле” себеси како опсесивно скролате низ апликациите на вашиот телефон.  Покрај тоа што веќе се чувствувате оптеретени од пандемијата, потрошеното време на социјалните мрежи ви создава главоболки и немир, за кој и не сте свесни дека потекнува токму од таму.

Верувам дека сѐ ова има неверојатно негативно влијание врз вашето ментално здравје, па затоа во продолжение неколку чекори кои би ви помогнале да ја редуцирате зависноста од оваа навика.

1.Направете го “социјализирањето” помалку достапно

За почеток избришете ги вашите омилени апликации. Вашиот  паметен уред е секогаш во близина, не подалеку од 3 метри.

Реклама biskviti za deca

Знаејќи дека имате апликации за социјални медиуми кои ќе ве забавуваат, многу е лесно да го отклучите телефонот и да почнете со скролање. Секој пат кога ќе го подигнете телефонот, без разлика дали за да го проверите времето, да одговорите на меил  или да ја смените песната што ја слушате, веднаш паѓате во искушение да проверите една или две апликации.

Но, ако ги немате, како би ги провериле? Токму затоа нивното отстранување е првиот чекор со кој би го редуцирале времето поминато на социјалните мрежи, а за промена може да прочитате книга, да играте судоку, да цртате или што и да ве прави среќни и исполнети.

2.Одредете термин за употреба

Откако ќе ги избришете апликациите од вашиот телефон, практикувајте едно правило, односно дозволете си по еден час секој ден да ги проверувате социјалните медиуми од вашиот компјутер. Верувам дека социјалните мрежи имаат своја вредност и секако импакт врз нашиот живот.

Тие се местото каде што одржувате контакт со пријателите кои не живеат во ваша близина, дознавате за нови можности за работа и се поврзувате со луѓе – пријатели или странци. Дури и дел од шегите и информациите кои ќе ги прочитате, може да ве разведрат. Не мора целосно да ја отфрлите употребата на социјалните медиуми, но само ограничете ја .

На пример, секој ден доцна попладне дозволете си го тој еден час да прочитате или да разгледате што објавуваат луѓето онлајн и откако ќе измине тој час, прекратете. Ова е и добра вежба за практикување на самодисциплина.

3.Бидете селективни

Бидејќи апликациите не ви се веќе толку лесно достапни, ќе забележите и самите дека сте попродуктивни и бирате што читате, најчесто тоа би биле книги, подкасти и добро напишани статии.
Наместо да го натрупувате мозокот со информации околу пандемијата, кој ги споделил некој твитер “доктор”, проверувајте доверливи страници за вести и да слушајте   прес-конференции доколку навистина сакате да слушнете точни информации. Без апликациите, ќе имате повеќе време да се посветите на значајна содржина. Ќе ги завршите сите нешта кои досега сте ги запоставувале и ќе пронајдете уште толку кои ќе придонесат за благосостојба на вашето ментално здравје.


М.Д

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button