Кожа

Како на најлесно и на природен да го решите проблемот со брадавици?

Брадавиците се честа појава на човековото тело и понекогаш претставуваат голем проблем, посебно од естетска гледна точка. Затоа ви нудиме совет како на поедноставен и полесен начин да се решите од нив.
Испробајте го следниот природен рецепт:

Состојки:
-½ лажичка јаболков оцет
-1 капка етерично (ароматично) масло од оригано
-2 капки етерично (ароматично) масло од темјан
-2 капки етерично (ароматично) масло од лимон
-½ лажичка кокосово масло
-памучна вата и завој

Подготовка:
Во една длабока чинија измешајте ги јаболковиот оцет, маслото од оригано и маслото од темјан. Додадате го маслото од лимон и повторно измешајте. Додадете го и кокосовото масло и уште еднаш измешајте ги сите состојки.

Откако ќе го исчистите делот околу брадавиците, земете памукче, натопете го во добиената смеса и ставете го преку брадавиците. Замотајте го местото со завој или памучна крпа. Ова природно средство против брадавици треба да се користи двапати на ден, наутро и навечер (може и да се спие со завојот сѐ додека брадавиците не паднат).

Напомена
Обично брадавиците се губат во рок од неколку дена, но во некои случаи потребно е повеќе време, дури месец-два.
Бидете упорни и сигурно ќе го решите овој проблем.

Реклама biskviti za deca

Доколку имате генитални брадавици, не треба да користите масло од оригано, затоа што се работи за многу осетлив дел од телото. Во ваков случај маслото од оригано можете да го замените со масло од чајевца или чајно дрво кое ќе го искомбинирате со маслото од темјан и кокосовото масло.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button