Стручна Помош

д-р Јасмина Лазарова: Храна што ги избелува забите

Секојдневните навики како што се кафето, чајот или црвеното вино можат да ги обојат вашите заби. Обидете се да ја надополните вашата исхрана со намирници, кои не само што имаат нутритивни придобивки, туку и помагаат вашите заби да бидат здрави и бели.
Не се толку ефикасни како професионалните средства за белеење на заби, но се природни, здрави и ефтини.

1. Јаболка

Јаболките во својот состав имаат висока концентрација на јаболкова киселина, која го зголемува протокот на плунка и самочистењето на забите. Тие исто така можат да ги убијат бактериите што предизвикуваат лош здив.
*Некои пасти се прават на база на јаболчни киселини.

2. Морков

Морковите содржат висока концентрација на А витамин, кој е важен за здрав емајл на забот. Кознзумирањето на морковот во свежа состојба е корисно бидејќи предизвикува ефект на лачење на плунка и забите природно се чистат а непцата се тријат.
*Помалку познати факти: во минатото морковот се користел како четка за заби.

3. Јагоди

Јагодите содржат ензим кој делува како природен избелувач на забите (главната компонента од јагодите делува како адстрингент за да се одстранат површинските дамки и дисколорации).

*Направи сам дома: испасирајте една јагода и додајте една лажичка сода бикарбона, измешајте добро и користете го како паста за заби.

Реклама biskviti za deca

4. Ананас

Истражувањата покажуваат дека ананасот во својот состав содржи ензим бромелаин, кој делува како природен одстранувач на дамките од забите, на тој начин што помага во елиминирање на бактериите од плакот околу забите.

5. Цитрусни овошја

Конзумирање на киселкасто овошје како што е портокалот предизвикува зголемен проток на плунка во устата, а сокот од крушата помага да се неутрализираат киселините во уста од страна на бактериите во плакот.

*Особено бидете внимателни при користење на лимон директно врз забите бидејќи голема киселост делува деструктивно на емајлот на забот.

6. Кромид и лук

И едниот и другиот содржат сулфурни соединенија – тиосулфунати и тиосулфинати кои ги намалуваат бактериите што предизвикуват пребојување на забите и појава на кариес. Единствен предуслов е да се конзумираат свежи бидејќи во готвење овие сулфурни соединенија се губат.

7. Млеко, јогурт и сирење

Млечните производи како млекото и јогуртот содржат минерален калциум и млечна кислена, кои не само што природно ги избелуваат забите туку и делуваат како зајакнувачи на структурата на забот. Сирењето е богато со протеин – казеин, фосфор и калциум кои помагаат во реминерализацја на емајлот и ги ублажуваат киселините во устата.

8. Босилек

Босилек е природен антибиотик кој ги намалува бактериите во устата благодарение на есенцијалните масла и киселини кои го спречуваат растот на бактериите во устата и формирање на плак.

9. Семки и ореви

Абразивната текстура на семките од сончоглед, бадеми и ореви помага во површинско одстранување на дамките од забите.
*Семето од сусам содржи калциум кој помага во зајакнување како на забите така и на коските.

10. Брокула

Брокулата содржи железо што помага во формирање на филм бариера отпорна на киселини. Претставува храна високо богата со диететски влакна, а ако се јаде свежа служи како природна четка за заби.

11. Вода

Основен предуслов за да останете здрави и во топ форма е да конзумирате вода. Пијте вода заедно со чаша вино, или кога јадете темна и пигмемтирана храна за да спречите пребојување.
*Внимавајте кога станува збор за газирани пијалоци, меурчињата прават ерозии на емајлот на забот.


д-р Јасмина Лазарова, дипломиран стоматолог

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button