Исхрана

Намалувањето на вишок килограми е „маратон“, а не „спринт“

 

Летото пристигна, па голем дел од нас се борат да ги намалат вишокот килограми за да изгледаат подобро на плажа. Еве неколку совети како да ги постигнете вашите цели во битката со масните наслаги.

Која е најдобрата диета за слабеење?

Постојат најразлични диети – кето, вегетеријанска, веганска, палео, високо протеинска, флексибилна диета и уште многу други. Но, дали овие диети навистина се магичната алатка за губење килограми?

-За жал, не. Единствениот начин да се ослободите од вишокот на масни наслаги е да бидете во калориски дефицит, однсоно треба да внесувате помалку калории отколку што трошите на дневна основа. Калорискиот дефицит може да го постигнете на два начина: да го намалите вашиот дневен внес на калории или да ја зголемите вашата физичка активност. На тој начин вашето тело нема да има доволно енергија од храната за секојдневните активности, па ќе почне да ги користи телесните масти како извор на енергија.

Како функционираат познатите диети?

Најчесто познатите диети елиминираат некои намирници од вашата исхрана со цел да го намалат вашиот внес на калории. Но, тоа секогаш не значи гарантирано слабеење. Голем број луѓе откако ќе исфрлат некои намирници од исхраната, ќе го зголемат внесот на некои други намирници, па така повторно не се во калориски дефицит, со тоа не ги добиваат посакуваните резултати и се откажуваат од диетата.

Реклама biskviti za deca
Како да ги избегнете негативните ефекти од „магичните“ диети?

За да не дојде до тоа најдобро е да се има избалансирана исхрана. Не треба да елиминираме намирници од нашата исхрана, туку да ја намалиме количината. Високо калоричните јадење, кои најчесто се и највкусни треба да ги избегнуваме и да најдеме поздрава, помалку калорична алтернатива за нив, сепак можеме понекогаш да ги јадеме, но во помала количина. Почесто да конзумираме зеленчук и чисти извори на протеини, како што се пилешкото месо, белките од јајца, нискоманите млечни продукти и сл. Наместо рафинираните јаглехидрати(колачи, пецива, слатки, чоколада…), да конзумираме што е можна помалку обработени извори на јаглехидрати (овесни/’ржани/хељдини снегулки, леб и тестенини од цело зрно житарки, компири и сл.). Овие намирници не само што се повеќе нутритивно богати, туку и ќе ве заситат повеќе па ќе изедете помала количин и ќе внесете помалку калории.

Како да ја подготвувате вашата храна?

Исто така од големо значење е начинот на кој ги приготвувате јадењата. Кога ги подготвувате вашите оброци со масло додавате огромна количина на калории без да осетите. Затоа треба да избегнувате пржење во масло. Наместо тоа за пржење користе нелеплива тава за која е потребна многу мала количин масло (а може и без масло). За печење наместо масло користете хартија за печење, а истот така можете и да го варете вашето јадење. Добра идеа е да не додавате масло или некои високо калоричен дресинг во вашата салата, бидејќи честопати само маслото/дресингот има повеќе калории отколку салатата.

Кое масло е најздраво?

Многумина исто така мислат дека храната подготвена со маслиново масло е поздрава отколку онаа со сончогледово масло. Да, навистина маслиновот масло е поздраво, но тоа е исто толку калорично како било кое друго масло, така да нема да ви помогне  при губеењето на тежина.

Колку вода треба да пиете?

Водата не претставува нешто што само по себе топи масти, но индиректно помага во тоа. Пиењето вода го хидрира нашето тело и се чувствуваме посвежо и поенергично. Исто така водата помага во борбата со гладот, однсно кога пиеме повеќе вода нашиот стомак е полн и не чувствуваме толку многу глад. Можеме да кажеме дека 4l вода на ден претставува оптимален внес во текот на денот, но постојат голем број на фактори кои влијаат врз тоа. Доколку сме физички повеќе активни, секако ќе ни биде потребна поголема количина.

ЗАПОМНЕТЕ: Не постојат некои магични алатки и пречки во губењето на килограми. Треба да се држиме до нашата диета и да бидеме истрајни. Можеби ќе биде потребно повеќе време за да ги оствариме нашите цели, но слабеењето е маратон, а не спринт. Здравата исхрана и здравите навики треба да биде дел од нашето секојдневие.

На мојот инстаграм профил може да пронајдете здрави и ниско калорични рецепти кои ќе ви помогнат при ослободувањето од вишокот на масни наслаги: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/


Мануел Трајчев

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button