Стручна Помош

д-р Марија Јованоска: сончаница и топлотен удар-што треба да направите за да се заштитите

Високите температури во текот на претстојните летни месеци можат негативно да влијаат врз здравјето. Особено кај постарата популација и хронично болните. Во последниве години, сончевиот удар и топлотен удар се зголемуваат како резултат на климатските промени и глобалното затоплување.

Аклиматизацијата е процес преку кој организмот се прилагодува на новите климатски услови. Според некои автори на спортската медицина, за целосна аклиматизација се потребни дури 60 дена постепено прилагодување, од што лесно може да се заклучи дека одиме на одмор лошо прилагодени на новите климатски услови.

Одморите обично траат 15 дена, а во тој период се обидуваме да ги уживаме сите придобивки од медитеранската или тропската клима што е можно повеќе. Поради изложеност на високи температури, може да се појават терморегулаторни нарушувања – сончаница и топлотен удар.

Што е сончаница?

Сончаница настанува при повеќечасовно и директно изложување на главата на интензивно сончево зрачење што предизвикува прегревање, ширење на крвните садови и мозочни оштетувања. Се среќава во летниот период, при спортување или работа на отворено (градежништво, земјоделство и сл.) или при предолга изложеност на сонце на отворено море, најчесто во периодот помеѓу 11 и 16 часот.

Симптоми

  • силна главоболка,
  • сува кожа,
  • покачена телесната температура,
  • вртоглавица, немир, дремливост и повраќање,
  • тинитус, нарушувања во видот, па дури и несвестица,
  • пулсот е брз, а дишењето е плитко и брзо.

Можно е и зголемено потење преку кое се губи значителна количина течност и минерали, особено калиум, што е многу важно за сите биохемиски процеси во организмот, особено во мозокот.

Реклама biskviti za deca

Што е топлотен удар?

Топлотен удар е сличен на сончаницата, но причината не мора да биде изложеноста на сончеви зраци туку долготрајни активности во прегреани и влажни услови, на отворено или во затворени простории.

Посебно се осетливи: возачи во прегреани транспортни возила, работници во пекарници, топилници и сл., деца, бидејќи нивното тело потешко ја поднесува високата надворешна температура и влажноста, спортисти кои подолг период спортуваат на отворено и се изложени на високи температури.

Топлотен удар настанува како резултат на нагло и прекумерно покачување на телесната температура поради неможност организмот да ја задржи температурата во нормални граници.

Симптоми

  • сува кожа,
  • вртоглавица,
  • главоболка,
  • низок крвен притисок,
  • покачена телесна температура,
  • замор,
  • мачнини во стомакот и повраќање,
  • грчеви,
  • губење на свеста која може да заврши со кома и смрт.

Прва помош

Лицето за кое се сомневаме дека претрпело топлотен удар или било претерано изложено на сончевите зраци без заштита, треба да се:

  • пренесе во ладовина или разладена просторија,
  • да се преземат мерки за постепено разладување на организмот со ладни облоги на челото, вратот, рачните зглобови, деловите зад колената, препоните и внатрешните делови од лактите,
  • се разладува со ладни напивки доколку пациентот е при свест,
  • се следи телесната температура доколку е возможно, сѐ додека не се обезбеди лекарска помош.
  • Не е дозволено нагло туширање со многу ладна вода, туку треба да се обезбеди постепено разладување.
  • Во случај некое лице да изгуби свест треба да се стави во странична положба, за да се избегне гушење во случај на повраќање, и итно да се транспортира во болница.

По третирањето на пациентот од страна на лекарот со соодветна терапија, разладување и рехидратација, во неколку наредни денови пациентот може да очекува да има главоболки, осетливост на светлина и звуци, раздразливост и нервоза, поради што се препорачува одмор во затемнети и свежи простории, без заморувања како што се гледање телевизиски програми, работа со компјутер и слично.

Превенција од сончаница и топлотен удар

  • избегнувајте директна изложеност на сонце во период од 11 до16 часот,
  • избегнувајте затворени загреани и влажни простории,
  • заштитете ја главата со шешир со поголема стреа,
  • користете облека од природни материјал,
  • редовно пијте вода и природни сокови,
  • одморајте се во ладовина,
  • избегнувајте интензивни физички активности директно на сонце,
  • избегнувајте алкохолни пијалаци.

д-р Марија Јованоска

ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button