Рецепти
Интегрален ролат со мед и јагоди-здрав и лесен за подготовка
Потребни состојки:
За тесто:
- 4 јајца- издвоени белки и жолчки
- прстофат сол
- 50 г. кокосов шеќер (може и мусковадо- светол кафеав шеќер)
- 75 г. интегрално пченично брашно
За фил:
- 250 г. маскарпоне
- 150 г. милерам павлака
- 1 лажичка екстракт од ванила или прстофат ванила во прав
- 75-100 г. мед, може и повеќе, по ваш избор
- 200 г. јагоди + за декорација
Начин на подготовка:
- Загрејте ја фурната на 170°C, а плехот обложете го со хартија за печење.
- Жолчките изматете ги со шеќер додека не добиете густа смеса. Додадете го брашното и кратко промешајте со миксер.
- Белките изматете ги со солта додека не добиете цврст фил. 1/3 од филот измешајте го со веќе изматените жолчки. Потоа соединете ги двата фила полека и постепено мешајте.
- Префрлете во калап и печете 8-10 минути.
- Извадете го тестото заедно со хартијата за печење и оставете да се олади.
- Маскарпонето, милерамот и ванилата изматете ги со миксер и потоа додадете мед.
- Оладеното тесто намачкајте го со 2/3 од филот и покријте со сецкани јадоди.Замотајте го ролатот и премачкајте го со остатокот од филот и додадете го остатокот од јагодите или друго овошје по желба. Добар апетит!