Невролошки болести

Мозочен удар: Како се манифестира и колку видови постојат?

Мозочен удар е клинички синдром кој се карактеризира со акутен губиток на мозочната фунција кој трае подого од 24 часови или пак доведува до смрт. Настанува поради прекин на протокот на крвта во одреден дел од мозокот. Прекинот може да биде како последица на спонтано крварење во мозочниот паренхим (интрацеребрална хеморагија) или во просторот кој го опкружува мозокот (субарахноидална хеморагија) или пак како резултат на неадекватно снабдување на дел од мозочното ткиво со крв.

Како се манифестира?

Мозочниот удар се презентира со нагло губење на функцијата на одреден дел на телото или пак на говорот, или губиток на свеста како резултат на прекин на крвонабдувањето.

Најчести симптоми:
  • Слабост или парализа налицето, раката или ногата;
  • Лоша координација или рамнотежа;
  • Тешкотии со зборување или разбирање;
  • Тешкотии со голтање;
  • Проблеми со видот (заматен вид, дупло гледање или губиток на видот);
  • Здрвеност или губење на чувството на една страна од телото.

Постојат два типа на мозочен удар: исхемичен удар и хеморагичен мозочен удар.

Исхемичниот удар е резултат на блокирано место во некој од крвните садови во мозокот. Ваквиот удар може да биде тромбичен или емболичен.

Хеморагичниот мозочен удар се случува кога ќе дојде до пукање на некој крвен сад и течење на крвта во околното мозочно ткиво, т.е., капка. Како резултат на тоа доаѓа до повреда на клетките во и околу местото каде што се случил мозочниот удар.

Реклама biskviti za deca

Лекување

  • Испитување за да се открие типот на мозочниот удар, местото на оштетување и колку бил сериозен ударот (поставување дијагноза);
  • Скенирање на мозокот што е можно побрзо што треба да помогне во одредувањето на дијагнозата;
  • Примање лекови за да се разреди грутката од крв (тромболиза), само мал број од луѓето можат да го примат овој третман;
  • Снимање со ултразвук на артериите во вратот и срцето;
  • Тест на крвта за да се провери нивото на шеќерот и холестеролот;
  • Препишување лекови за да се намали крвниот притисок и холестеролот;
  • Таблети за намалување на ризикот од формирање грутки на згрутчена крв.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button